Како изгледаат предметите прекриени со најцрниот материјал на светот

Во 2014 година, британските научници го направија вантаблек (Vantablack)- најцрниот материјал, кој апсорбира 99,96 проценти од ултравиолетовата, видливата и инфрацрвената светлина.

Од тогаш, тимот кој работи на оваа иновација –„ Surrey NanoSystems“, уште повеќе го потемнеле материјалот и на почетокот на годинава објавија дека ниеден спектрометар на светот не е довоно моќен за да измери колку светлина апсорбира овој материјал.

„Материјалот не рефлектира дури ни јак ласер. Никогаш порано не сме направиле толку „црн“ материјал  кој  не може да го регистрира ниеден спектрометар со инфрацрвена трансформација“ – објануваат истражувачите во видеото подолу.

face-vanta

Со цел да го комерцијализираат, научниците направиле верзија на материјалот во спреј, која не е толку црна и блокира „само“  99,8 проценти од ултравиолетовата, видливата и инфрацрвената светлина. Но, тоа е доволно тродимензионалните предмети  прекриени со оваа „фарба“ да ги направи да изгледаат дводимензионално.

vanta-gal-5

Во суштина, вантаблек не е ни боја, ни пигмент, ни ткаенина, туку посебен материјал кој содржи околу милијарда ситни јаглеродни наноцевчиња со големина од од околу 20 нанометри (околу 3,500 пати помала од човечката коса) на секој квадратен сантиметар.

Кога светлината ќе падне на него, навлегува во празнините помеѓу цевчињата и речиси веднаш се апсорбира.

„Речиси целосниот недостаток од рефлексија прави површината да изгледа совршено црно“-велат истражувачите.

„За да може полесно да го разберете тој ефект, обидете се да визуелизирате  како  поминувате низ шума во која стеблата се високи околу три километри, наместо вообичаено 10 или 20 метри. Лесно може да се претпостави дека до вас ќе стигне многу малку светлина, ако и воопшто стигне“.

Вантаблек е толку темен што на човечкото му е речиси невозможно да го препознае, бидејќи на нашиот мозок му треба барем малку рефлектирана светлина за да може да го препознае предметот. Затоа, кога ќе погледнете некој предмет што е прекриен со овој материјал, тој изгледа како дупка без дно.

Новата верзија наречена pre „Vantablack S-VIS“, овозможува вантаблек да се може да се примени и на поголеми предмети, што значи дека е навистина возможно, авионите прекриени со овој материјал да станат невидливи.

Поддржете ја нашата работа: