Младата ѕвезда „HD 95086“ има два појаси од прашина, аналогни на астероидниот и Кајперовиот појас во сончевиот систем, опкружен со голем прстен од прашина каков што имаат само младите планетарни системи. Според ова, научниците од Универзитетот во Аризона се најблиску до „бебешките фотографии“ на нашиот сончев систем.
Слични структури од прашина се пронајдени околу уште една, малку постара ѕвезда „HR 8799“, каде што четири масивни планети се наоѓаат во празнината помеѓу двата појаси. Оваа ѕвезда се сметала за помлада верзија на нашиот сончев систем, а пронаоѓањето на уште една слична ѕвезда, предлага модел за начинот на кој ѕвездите формираат планети и еволуцијата на нивниот планетарен систем.
„Возраста на овие системи варира од 10 до 90 милиони години. Сметаме дека „HD 95086“ преставува слика на тоа како нашиот сончев систем изгледал некаде пред 10-20 милиони години“, вели Кејт Су, астроном во одделот за астрономија на Универзитетот во Аризона и главен автор на студијата.
Научниците, користејќи податоци од вселенскиот телескоп „Spitzer“ на НАСА и вселенската опсерваторија Хершел на Европската вселенска агенција, во комбинација со детални симулации, откриле дека системите на двете ѕвезди се многу слични, со тоа што „HD 95086“ имала повеќе прашина. Ова соодветствува на теориите за формирање на планетите што ги довело научниците до заклучокот дека „HD 95086“е помлада.
„HD 95086“ и „HR 8799“ се наоѓаат на 295 и 129 светлосни години од земјата во соѕвездијата Кобилица и Пегаз.
„Овие две ѕвезди се наоѓаат во една фаза од нивната еволуција кога мислиме дека се случиле многу интересни работи во нашиот сончев систем, како што е на пр. формирањето на месечината. Она што ќе го видиме кај овие системи, може да ни овозможи поглед на нашата историја“, велат научниците
„Едно од нерешените прашања за нашиот сончев систем е зошто просторот помеѓу планетите е толку празен!? Познато ни е дека во текот на долги временски периоди, гравитацијата на планетите може да ги исчисти „отпадоците“, меѓутоа системите на „HD 95086“ и „HR 8799“ ни нудат можност да ги набљудуваме динамичните процеси што се случиле многу одамна во нашиот сончев систем“
Истражувачите ги презентираа пронајдоците на собирот на одделот за планетарна наука на Американското астрономско друштво кое се одржува во Тусон, Аризона од 08- 15 ноември.
Почитувани пријатели моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk. Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и да поттикнат нови идеи и критичко размислување кај сите нас. Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме ви однапред благодарни! |