Како кафеавата скандинавска мечка научила да се заштити од ловци?

Група од меѓународни научници поминала 22 години проучувајќи податоци поврзани со репродуктивната стратегија и преживување на скандинавски кафеави мечки. Резултатите се објавени во списанието Nature Communications.

“Човекот стана еволутивен фактор во животот на мечките”, вели професор Џон Свенсон од Норвешкио факултет за биологија. Сезоната за лов на мечки во Шведска е долга, дури затоа не е потребна некоја дозвола, а секоја година се застрелани минимум 300 мечки. Меѓутоа, мечките кои имаат младенчиња се заштитени со закон.

“Мечката без млади има четири пати поголема веројатност да биде убиена отколку мечката со младенче”, вели Свенсон, еден од авторите на студијата.

Научниците сфатија дека некои мечки со текот на времето се прилагодиле со својот мајчин пристап со цел да го унапредат својот изглед и да ја преживеат ловната сезона.

Имено, во последните 20 години, мечките ја прлонгирале грижата за своите младенчиња за барем една ловна сезона.

“Се додека мечката околу неа има младенче, таа е безбедна”, се вели во студијата.

“Помеѓу 2005 и 2015 година, бројот на мечки кои ги задржале своите младенчиња околу себеза една додатна година пораснал од 7 до 36%. Оваа е прва студија која убедливо ја покажува промената во фреквенцијата на мајчинската стратегија поттикната од ловот”, вели Свенсон.

“Мечките не се единствен вид кој човечкото однесување го принудило на еволутивна промена“, вели авторот на студијата, Joanie van de Walle за AFP.

“Имаме документирано еволутивно скратување на роговите на американските муфлони во канадска Алберта. Тоа се случило бидејќи за ловците најпримамлива мета биле токму нивните рогови. Оние со пократки рогови на пример, не им биле многу интересна мета, па така имате поголема веројатност дека ќе преживеат, – додава таа.

Поддржете ја нашата работа: