Светот во 2045 година ќе биде многу поинаков.
Предвидувањата како ќе се одвиваат работите во иднина се преполни со предизвици, но кога се работи за технолошкиот напредок, најсоодветни да дадат одговор на ова се експертите кои работат во истражувачката агенција на Пентагон.
Агенцијата „DARPA“ (Defense Advanced Research Projects Agency), основана во 1958 година, стои зад некои од најголемите воени иновации, од кои голем дел наоѓаат место и на цивилниот пазар. Тука спаѓаат работите како што е напредната роботика , ГПС системите и инернетот.
Па, што ќе се случи во 2045 година?
Многу е веројатно дека роботите и вештачката интелигенција ќе трансформираат многу индустриски гранки, дроновите ќе продолжат да преминуваат од воениот во цивилниот сектор, а автономните возила ќе го направат патувањето многу полесно.
Меѓутоа, научниците од „DARPA“ имаат дури и поголеми идеи. Во серијата видеа снимени минатата година, со назив „Напред во иднината“, тројца научници ги изложуваат своите предвидувања за тоа како ќе изгледа реалноста за 30 години.
Доктор Џастин Санчез, невролог и директор на канцаларијата за биолошки технологии на „DARPA“, верува дека ќе ја достигнеме точката кога ќе може да ги контролираме работите само со помош на нашиот ум.
„Замислете свет каде само со помош на мислите ќе може да ја контролирате вашата животна средина, да контролирате различни работи во домот само со користење на мозочните сигнали или дури и да комуницирате со семејството и пријателите само со помош на невролошките активности на вашиот мозок“, вели Санчез.
Според Санчез, „DARPA“ работи на развој на невротехнологија што ќе овозможи ова да се оствари. Вакви футуристички откритија веќе се во пракса, како што се мозочните импланти кои ги контролираат вештачките раце.
Минатата недела „DARPA“ за прв пат ја демонстрираше оваа извонредна технологија и му овозможи на парализиран човек повторно да почувствува допир – со помош на мозочни импланти.
Покрај мозочните импланти, иднинаната ќе биде исполнета и со многу други возбудливи работи, кои ќе ги променат зградите и другите објекти околу нас, вели геологот Стефани Томкин, директот на Канцаларијата за одбрана на „DARPA“ .
Таа смета дека ќе може да градиме објекти кои се извонредно издржливи, но истовремено и многу лесни. Замислете облакодер изграден од материјал цврст како челик, но лесен како јаглеродни влакна. Тоа е едноставното објаснување на визијата на Томкин, која е малку покомплицирана кога ќе се сведе на молекуларно ниво.
Еве како таа го објаснува ова: „За 30 години, јас замислувам свет каде дури и нема да ги препознаеме материјалите што не опкружуваат. (Целосното објаснување може да се погледне во видеото подолу).
„Јас мислам дека во 2045 година ќе имаме различна релација со машините околу нас. Сметам дека ќе можеме едноставно да разговараме или да притиснеме копче како начин за комуникација со машините за да ја завршат работата многу поинтелигентно, наместо да користиме тастатури или застарени системи за распознавање на глас“- вели Пем Мелрој, инженер и поранешен астронаут, а сега заменик директор на Тактичко технолошката канцеларијата за „DARPA“.
Понатаму таа вели: „На пример, денес за да слета авион мора да се направат многу подготвителни чекори, кои треба да бидат изведени во точно одредени секвенци“. Наместо ова Мелрој предвидува дека за слетувањето на авионите во иднина ќе биде доволно пилотот само да каже „подгответе се за слетување“ и компјутерот ќе ги знае неопходните чекори потребни за извршување на процедурата.
Дури, можеби со вештачката интелигенција, пилотот нема ни да биде потребен.
„Нашиот свет ќе биде исполнет со вакви примери, каде што ќе може да комуницираме директно за нашите намери и ќе имаме многу комплексни резултатати од заедничката работа“, вели таа.
Текстот е објавен во „Business Insider“.