Како луѓето еволуирале да си наштетуваат едни на други

Луѓето еволуирале да си наштетуваат меѓусебно, тие не биле секогаш такви и не мора секогаш да бидат.

За да дознаеме како луѓето се споредуваат со другите цицачи, и како започнала нашата историја на пролевање на крв, Хозе Марија Гомез од Универзитетот во Гранада и неговите колеги, користеле филогенетска анализа и податоци од повеќе од четири милиони смртни случаи.

Тие го мереле нивото на смртоносно насилство кај 1.024 видови на цицачи од 137 таксономски семејства и кај околу 600 човечки популации, движејќи се од пред 50.000 години до денес. Тие особено ги разгледувале „смртните случаи предизвикани од војна, самоубиство, убиство, абортирање, жртвување, канибализам итн. без разлика дали смртоносниот настан вклучувал само еден сторител или здружени и колективни убиства“. Тоа се многу податоци. Еве неколку од најважните работи што тие ги откриле:

  • Два проценти од сите смртни случаи биле предизвикани од интерперсонално насилство.
  • Најнасилниот период бил за време на Средниот век, односно за време на Џингис Кан, Крстоносните војни, Светската Римска Империја и ерата на црната чума.
  • Зголемувањето на бројот на луѓе на мало место нема тенденција да ја зголемува напнатоста. Густината на населението е честа еколошка причина за смртоносна агресија кај цицачите, забележуваат истражувачите но, густината била помала во периодите на високо ниво на смртноносно насилство, отколку во помалку насилниот Модерен и Современ век.
  • Денешните номадски групи се најмногу интерперсонално насилни групи што постоеле некогаш. Овие се „мали, номадски, егалитарни групи на луѓе, обично ловџии – собирачи“, како што е дефинирано во истражувањето.

Добрата страна е што податоците покажуваат дека овој стремеж на наштетување не е стабилен во текот на историјата. Тој постепено слабеел и растел. Не е генетски но, е поврзан со општественото однесување и територијалност.

Па може ли човештвото еден ден да го „надрасне“ нашиот еволутивен стремеж кон меѓусебното наштетување? „Од наша гледна точка, главната порака на ова истражување е дека без разлика на тоа колку насилни или мирољубиви сме биле од нашето потекло, можеме да го модулираме нивото на интерперсонално насилство со менувањето на нашата општествена средина. Доколу сакаме, можеме да изградиме помирољубиво општество“ – вели Гомез.

Филогенетските корени на човечкото смртоносно насилство се објавени во „Nature“.

Поддржете ја нашата работа: