Како настанува црна аурора?

Иако е познато како се создаваат прекрасните бои од поларната светлина (Аурора), сепак научниците се мачеа да ги објаснат црните делови што се појавуваат помеѓу сјајните зраци. Но, сега, научниците од Шведска и Велика Британија открија што се случува во срцето на овие – како што се нарекуваат „црни аурори“.

Аурора се јавува кога високо енергетски електрони ја „бомбардираат“ атмосферата на Земјата. Струите ги следат линии од магнетните сили генерирани од Земјиното јадро и течат низ магнетосферата – невидлив меур од магнетни полиња што ја обиколува планетата. Кога овие електрони ќе се сретнат со атомите на кислород и азот на околу 90 до 300 км. над Земјата, тие формираат живописни шарени зраци, кои се видливи главно во близина на половите од Земјата.

Истражувачите откриле дека помеѓу овие блескави делови се случува и друг процес кој ги создава црните делови.

1208f„Додека обичната Аурора се поврзува со надолното движење на електроните што ја бомбардираат атмосферата, создавањето на црните делови е поврзано со електроните кои се извлекуваат од атмосферата и се исфрлаат надвор, во вселената. Тоа остава длабоки празнини во погорниот електро –спроводлив дел од атмосферата, познат како јоносфера“ – објаснуваат истражувачите.

Според нивниот модел, ако се интензивира надолното струење, тоа може да предизвика голем број на електрони да се движат нагоре во магнетосферата, со што се осиромашува јоносферата и се создаваат празнини во густината.

Истражувачите истакнуваат дека овие наоди се значајни од повеќе аспекти. „Генерално, јаките електрични струења поврзани со електроните од аурората индуцираат струи на површината на земјата што може да доведе до пречки во електричната мрежа и другите технички системи. На пример, промена во содржината на електроните во јоносферата може значително да ја намали прецизноста на „GPS“ сигналите. Постојат и шпекулации дека феномените поврзани со Аурора може дури и да влијаат на климата, преку промена на начинот на кој се создаваат облаците, велат научниците.

Истражувањето е објавено во „Journal of Geophysical Research: Space Physics“.

Поддржете ја нашата работа: