Како неандарталците ловеле огромни пештерски мечки?

За време на доцниот плестоцен, пред 12.000 – 11.700 години, групи од неандарталци редовно напаѓале хибернирани мечки заради крзно и храна, но и поради желбата за да се населат во мечкините пештери.

Според текстот, објавен во списанието Journal of Archaeological Science, Марко Пересани од Универзитетот во Ферара, Италија, заедно со својот тим анализирал преку 1700 коски од мечки, пронајдени во пештерите на Рио Секо, Италија.

Некои коски им припаѓале на кафеавите мечки (Ursus arctos), вид кој сеуште живее во делови од Европа, но повеќето им припаѓале на видот пештерски мечки (Ursus spelaeus). Многу од тие коски имаат траги од сечење, а покрај нив се пронајдени и околу 100 камени алатки.

“Овие пештерски мечки ги ловеле и неандерталците”, вели Пересани, кој додаде дека нападите, најверојатно се случиле во пролет, кога овие животни биле најранливи, веднаш по периодот на хибернација и кога биле родени младенчиња.

Помеѓу коските, се најдени и фосилни остатоци кои им припаѓаат на возрасни мечки и младенчиња, како и фетуси. Пронајдени се и коски од пенис, шо покажува дека неандарталците повремено ловеле и мажјаци, но научниците веруваат дека главна мета им биле женките, поради тоа што биле поголеми и полесни за лов после хибернација.

Пересани тврди дека првичната цел на неандарталците најверојатно било мечкиното крзно, но користеле се од својот улов, бидејќи на некои коски се идентифицирани траги од заби. Најверојатно ги користеле и пештерите кои останале празни за сопствен привремен престој, понекогаш и на неколку месеци.

Меѓутоа, европските пештерски мечки успеале да ги преживеат нападите на Неандерталците.

Видот исчезнал пред околу 27 800 години, за време на последната ледено доба, кога промените во температурата значително ја ограничиле количината на храна. Тие се меѓу првите големи цицачи кои изумреле, а после нив изумреле и пештерските лавови и волнестите мамути.

Поддржете ја нашата работа: