Додека човештвото се бори да ја контролира емисијата на стакленичките гасови кои ја загреваат планетата, научниците се во потрага по природни начини за нивно отстранување од атмосферата – наведува „Гласот на Америка“.
На планинскиот венец Ал Хаџар во Оман, група истражувачи се обидува да утврди на кој начин природата го претвора јаглеродниот диоксид во камен. Овој планински масив ги поминал сите фази од еволуцијата на замјината кора.
„Сега може да чекорите по овие прекрасни кањони, или во суштина да се спуштите 20 километри во внатрешноста на земјата“– вели геохемичарот Питер Келемен, водач на истражувачкиот тим кој врши проучување како овие планини се менувале во текот на годините. Поради актуелното глобалното затоплување, истражувачите особено ги интересира една специфична хемиска реакција.
„Овде имаме дел од земјината обвивка кој го собрал јаглеродниот диоксид, така што секоја честичка од магнезиум во овие карпи се соединила со овој гас за да созде цврст варовник“– објаснува Келемен.
Додека денес се бараат начини јаглеродниот диоксид да се отстрани од атмосферата, Келеман истакнува дека овие варовнички планини тоа одамна го направиле на голем начин.
„Тие собрале милијарди тони јаглерод диоксид.Оваа планина источно од нас, целосно е составена од магнезиум карбонат и кварц и содржи милијарди тони јаглерод диоксид“– вели тој.
Тимот на Келемен прави длабоки дупчења во карпите за да утврди на кој начин тоа се случило. Преку 400-метарска карпа се испитуваат реакцијата од 90 милиони години помеѓу минералите, воздухот, водата и живите суштества.
„Нашата намера е да го проучиме природниот процес, за да може што подобро да го разбереме, а потоа да осмислиме систем кој би бил негова најблиска симулација“- вели Келемен. Тој истакнува дека со проучувањето како природата го претвора јаглеродниот диоксид во карпа, додавајќи „би требало да дојдеме до процес кој е најевтин, за директно отстранување на јаглеродниот диоксид од воздухот и површните води „.