Како се движи октоподот?

Истражувачите од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим ги снимале октоподите за да видат како тие се движат, односно како ги користат своите речиси неограничено флексибилни раце кога се движат.

Откриле дека движењето на октоподите е изненадувачки едноставно – тие само одбираат со која рака да се „поттурнат“ во една насока и така се движат. А поради своите осум раце, односно нозе, тие можат да се движат во која насока сакаат, без оглед на тоа каде е свртено нивното тело. И немаат особен ритам или шема на своите движења. Ова е првото истражување на тоа како октоподите се движат без цврст скелет.

Начинот на кој октоподите го контролираат и движат своето меко тело е предмет на интерес на инженерите кои имаат за цел да дизајнираат биолошки инспирирани роботи, пред се за медицински цели и спасување на луѓе. Ваквите роботи би можеле да бидат корисни за тесни места до коишто е тешко да се пристапи за да се спасат луѓето, како на пр. урната зграда, при што роботот нема да биде ограничен поради своето меко тело.

Следен чекор на научниците е да го истражат нервниот систем на октоподите за да откријат како го контролираат ова координирано движење.

Наодите се објавени во „Current Biology“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt