Испарувањето на железото е од клучно значење за тоа како се формирало јадрото на Земјата. Научниците од Националната лабораторија Лоренс Ливермор, Националната лабораторија Сандија, Универзитетот Харвард и Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, користеле еден од најмоќните радиоактивни извори, „машината З“ за повторно да ги создадат условите кои довеле до формирањето на Земјата. Подложиле примероци од железо на висок шок притисок во машината, и со екстремно голема брзина удриле алуминиумски плочи на примероците од железо. Тоа предизвикало нова техника на шок-бранот за да се утврдат критичните состојби при ударот потребни за железото да испарува. Научниците откриле дека притисокот кој е потребен за железото да испарува е многу понизок отколку што очекувале, што значи дека поголемо количество на железо испарило за време на формирањето на Земјата отколку што претходно се мислело.
Овие резултати може да го сменат начинот на кој научниците размислуваат за процесот и времето на формирање на јадрото на Земјата.
„Наместо железото при судирот да потоне директно во јадрото на Земјата (кое се наоѓало во процес на формирање), тоа испарило и се раширило на површината во облик на пареа. Тоа значи дека железото може многу полесно да се меша со површината (кората) на Земјата“, вели Ричар Краус, главниот истражувач. Откако се изладила пареата кондензирала во „железен дожд“ кој се измешал со кората на Земјата (која тогаш се’ уште не била цврста).
Ова може да го објасни фактот зошто Месечината, која се смета дека досега е целосно формирана, нема материјал богат со железо и покрај тоа што е изложена на слични судири. Научниците сметаат дека намалената гравитација на Месечината можеби го спречила задржувањето на поголемиот дел од испареното железо.