До денес откриени се 840 малечки планети во далечниот, тежок регион за истражување позади Нептун. Ова е најобемно откритие кое е некогаш направено, а истото го зголемува бројот на далечни објекти со добро познати движења околу сонцето за 50 проценти.
Овие светови се важни затоа што ни помагаат да ја разбереме историјата на нашиот сончев систем, и можат да помогнат во тестирање на идејата дека постои уште една планета во близина на нашиот сончев систем.
Нашиот планетарен систем не отсекогаш бил ваков каков што го знаеме денес. Сонцето во своите зачетоци било опкружено со гигантски диск од материјал. Средбите со малечките планети, вклучувајќи ги и некои од планетите кои што се последно откриени ги поместиле џиновските планети подалеку од сонцето сѐ додека не стигнале до нивната сегашна локација. Растечките планети од друга страна се расштркале насекаде навнатре и нанадвор.
Планетарната миграција постоела и во далечните системи околу други ѕвезди. За среќа, небесните тела во нашиот планетарен систем се релативно блиску, правејќи го единственото место каде што можеме да дознаеме како се случувала миграцијата. Мапирањето на малите планети кои се останати од дискот, ни дозволува постојана реконструкција на историјата за тоа како останале големите планети на своето место.
Новите откритија се дел од петгодишен проект наречен Outer Solar System Origins Survey – OSSOS. Набљудувањата спроведени 2013-2017 година ја користеа камерата на еден од најголемите телескопи во светот Canada-France-Hawaii Telescope на Маунакеа на Хаваи.
Со 840 пронајдоци на далечина помеѓу шест и 83 астрономски единици, истражувањето ни дава многу добар преглед на најразличните орбити што ги имаат овие транс-нептунски објекти.
Сликите направени од овие објективо текот на неколку години значат дека орбитата на секој од тие малечки светови може да биде прецизно детерминирана. Повеќе од 37 000 направени пресметки за многуте објекти попрецизно го обележуваат нивното движење на небото.
Создаден е и придружен софтвер симулатор што овозможува тестирање на пописот на историјата на нашиот Сончев систем, а на теоретичарите им нуди можност да ги испитаат своите модели за тоа како сончевиот систем станал ваков каков што е денес споредувајќи ги со вистинските откритија.
Во Кајперовиот појас се пронајдени 436 мали светови, на оддалеченост меѓу 43 и 45 астрономски единици, и беа пронајдени 313 транс – нептунски објекти кои се наоѓаат на далечина од 130 астрономски единици. Меѓу овие откритија е и џуџестата планета 2015 РР245 која претставува објект со големина околу половина Велика Британија.
Најнеобични од откритијата се деветте мали светови со неверојатно далечни орбити, кои никогаш не доаѓаат поблиску до сонцето од орбитата на Нептун, па им се потребни 20 000 години за да направат круг околу нашето сонце.