Книгите, филмовите и сл. ни овозожуваат да ги процесираме аудио и визуелните информации преку мозокот. Умот почнува да создава слики како е облечен некој лик од книгата или како би можел да заврши филмот. Нашата имагинација почнува да работи, но како точно ние создаваме слика или мисла за нешто што никогаш не сме го виделе?
Во видеото на „TED-Ed“ – „Невронауката на имагинацијата“, неврологот д-р Андреј Вишедски објаснува дека нашата способност веднаш да ги замислуваме работите претставува комплексен проблем, за кој е потребна прецизна координација во мозокот.
Ние сме во состојба да создаваме нови, необични слики, бидејќи нашиот мозок зема веќе познати работи и ги спојува на нов начин – слично како што колажот се прави од различни парчиња од слики. Ова го поттикнува мозокот да управува со стотици електрични сигнали за да стигнат до својата дестинаци точно во исто време.
Кога гледаме некој предмет, во нашиот заден кортекс се вклучуваат илјадници неврони. Овие неврони ги дешифрираат различните карактеристики на предметот, на пример, дека кората на ананасот има боцки, а внатрешноста на плодот е жолта. Оваа синхронизирана функција ја зајакнува врската помеѓу одредени групи на неврони, поврзувајќи ги заедно во невронски комплет, што е познато како Хебианов принцип (Hebbian principle).
Кога подоцна ќе се обидеме да замислиме ананас, целиот комплет се вклучува, формирајќи ја целосната ментална слика. Сликата на делфин пак, ќе биде дешифрирана од друг невронски комплет. Сега, може да се обидеме да замислиме делфин како жонглира со ананас, но зошто можеме да го направиме тоа, иако такво нешто не постои?
Теоријата за менталната синтеза се сведува на тајмингот. Ако невронските комплети за ананасот и делфинот се активираат во исто време, ние ќе можеме да ги видиме двата одделни предмети како една слика. Сепак, нешто во мозокот мора да ја синхронизира таа активност. Се претпоставува дека префронталнит кортекс- кој е вклучен за сите комплексни когнитивни функции дека е одговорен за оваа активност.
Невроните од префронталниот кортекс се поврзани со задниот кортекс преку долги вретеновидни клеточни продолжетоци наречени нервни влакна. Според теоријата на ментална синтеза, невроните од префронталниот кортекс испраќаат сигнали низ овие нервни влакна на повеќе комплети, кои ги активираат истовремено.
Доколку невронските комплети се вклучат во исто време, вие ќе доживеете комплексна слика, исто како навистина да ја гледате. Ова ни овозможува да замислиме слика на делфин што жонглира со ананас. За да може менталната синтеза да функционира, потребно е сигналите да стигнат до двата неврнски комплета во исто време. Сепак, некои неврони се многу подалекуод префронталниот кортекс од другите и ако сигналите патуваат со иста брзина, тие би пристигнале во различно време.
Но мозокот има начин да ја смени брзината на спроводливоста. Нервните влакна се обвиткани со обвивка која се нарекува миелин, еден вид изолатор што ги забрзува електричните сигнали низ нервните влакна. Некои нервни влакна имаат и до 100 слоеви миелин, додека други само неколку слоја. Влакната со подебел слој од миелин можат да пренесуваат сигнали 100 пати побрзо од тие со потенок слој.
Некои научници веруваат дека оваа разлика во миелинизацијата е клучниот фактор за еднаквото време на спроводливост во мозокот, а со тоа и за нашата способност за ментална синтеза.