Како се станува астронаут на НАСА (+Видео)

Астронаут не се станува за еден ден.За да може да се квлификуваат за мисии во вселената, кандидатите за астронаути на НАСА прво треба да поминат  обука на Земјата која трае до две години.Тој процес вклучува различни ментални и физички тренинзи кои се менуваат секој ден.

Веројатно најважниот аспект од обуката на идните астронаути е да научат да функционираат во ситуации кои ги симулираат условите во вселената.За оваа намена најзначаен објект на НАСА е  „Neutral Buoyancy Lab“- што всушност претставува џиновски базен сместен во  центарот за обука „Sonny Carter“ во Хјустон, Тексас. Долг е 62 , широк 31 метар- што е речиси половина од просечно фудбалско игралиште. Длабок е 12 метри и во него е сместена целосна реплика на Меѓународната вселенска станица.(МВС). Тренигот во овој базен претставува еден од најдобрите начини да се совлада одење во средина  без гравитација, бидејќи  прилично реално  ги претставува условите што владеат надвор од МВС.

Меѓутоа, постојат и други начини за симулација на овие услови. НАСА меѓу првите почна да работи со виртуелна реалност, а во последните децении оваа технологија им помагаше на астронаутите да се обучуваат за претстојните  мисии во вселената.Вселенскиот центар Џонсон на НАСА во Хјустон е дом на лабораторијата за виртуелна реалност, кадешто астронаутите ги разработуваат своите идни мисии во и надвор од МВС.

Виртуелната реалност (ВР)е корисно сретство подобро да се разбере опсегот на вселенскиот простор, на пример. Им овозможува на астронаутите да добијат претстава за тоа колку  ќе бидат оддалечени одредени сегменти од вселенската станица, како и кои движења ќе им бидат потребни за правилно да ги програмираат модулите кои се надвор од вселенската станица.Астронаутите на кои им е доделена некоја мисија, обично со месеци однапред ги планираат сите нивни вселенски прошетки. Во лабораторијата за виртуелна реалност  тие можат да симулираат одредено сценарио и да го повторуваат, пред  истото  да го изведат во релни услови во земјината орбита.

Покрај тоа што е корисна за изработка на идните планови, виртуелната реалност е исто така од клучна важност да ги подготови астронаутите за можноста  некој од плановите  да не успее.Во лабораторијата за ВР, астронаутите можат да почувствуваат како навистина би изгледло доколку би ја изгубиле врската со вселенската станица за време на вселенските прошетки.Вакво нешто се нема случено досега, бидејќи астронаутите се секогаш врзани за станицата кога излегуваат надвор од неа, но НАСА сака да ги подготви астонаутите и за таква можност. За да се вратат на сигурно, астронаутите можат да користат ранец на млазен погон- наречен  „SAFER“, кој се користи да го забрза движењето низ вселената. Бидејќи е тежок за користење, ВР е одлична да покаже колку е тешко да се користи  „SAFER“ во случај на потреба.

Вселенскиот центар Џонсон за обука на астронаутите покрај  виртуелна реалност користи и други, различни симулатори. „Systems Engineering Simulator“  на пример е објект во кој се наоѓаат  макети од вселенските возила кои астронаутите можеби би морале да ги користат  во идните мисии.Така на пример астронаутите можат да се обучуваат за работа со капсулите што ги развиваат СпејсЕкс и Боинг, кои  ќе ги пренесуваат астронаутите до вселенската станица во следните неколку години.Тука се и репликите од роверите кои ќе може да се користат на  Марс. Овие возила астронаутите веројатно нема да ги управуваат на Марс  уште неколку  децении, но барем ќе бидат донекаде подготвени.

Извор: theverge.com

Поддржете ја нашата работа: