Тие се движат брзо во својата средина, со цел да откријат инфицирани клетки или клетки од рак. Кога ќе ја откријат својата цел, цитотоксичните Т-клетки се закачуваат за неа и потоа ја уништуваат. Со помош на најсовремена техника на снимање, истражувачите од Универзитетот од Кембриџ успеале да го снимат овој извонреден процес.
Во телото постојат милијарди цитотоксични Т-клетки – кои на видеото можат да се забележат како зелени и портокалови „грутки“. Тие ги препознаваат различните патогени по „маркерите“што се наоѓаат на површината на овие клетки. Овие маркери, познати како „антигени“ им покажуваат на Т-клетките дали клетката носи непознати или абнормални молекули. Кога цитотоксичните Т-клетки ќе го препознаат непосакуваниот натрапник, тие го напаѓаат со тоа што се врзуваат за клетката- натрапник и во неа вбризгуваат отровни молекули, наречени цитотоксини – во филмот цитотоксините се обоени црвено, додека клетките од ракот се сини.