Како вушност се затвораат раните?

Сега истражувачите од Универзитетот во Хајделберг и Институтот Макс Планк за интелигентни системи во Штутгарт успеаа да го декодираат. Колективната клеточна миграција не е важна само во заздравувањето на раните, туку и во развојот на ембрионот, па дури и рак. Резултатите од нивното истражување, објавено во списанието „Nature Cell Biology”, имаат огромни импликации во сите три области.

„Колективната миграција на клетките и биолошките системи е една од најважните природни феномени кои се јавуваат на различни нивоа и размери. Сега ги идентификувавме клучните молекуларни и сродни механизми кои ја контролираат колективната миграција на епителните клетки, односно површината на клетките на кожата”, објаснува д-р Јоаким Спац. Истражувачите открија целосен молекуларен механизам кој се фокусира на протеинот наречен „Мерлин“. Резултатите ги поврзуваат  меѓуклеточните механички сили на колективното движење на клетките и исто така покажуваат како локалните интеракции доведуваат до колективна динамика на повеќеклеточно ниво. Тие се аналогни со она што е веќе познато за колективните движења во биологијата и физиката.

Истражувачот го споредува процесот на клеточната миграција со трчање маратон. На ниво на организмот, единката во колективот свесно се обидува да ги усогласи своите движења со оние на нејзините соседи, што вклучува оркестрирани сензори и акција. Во рамките на клеточниот колектив, овие два процеси се поврзани преку сигнални трансдукциски патеки. Постои примарна клетка во колективот, слично на лидер во маратон. Таа е механички поврзана со нејзините следбеници. Движењето на клетката-лидер создава механичка тензија на следбениците. Протеинот Мерлин е осетлив на механичка тензија и иницира просторно поларизирани следни движења. Тој всушност ги пренесува движењата од клетка на клетка, па така сите се движат во иста насока.

Досега беше нејасно дека протеинот Мерлин е одговорен за овој процес. Интересно е што не постои  заменски механизам.  Доколку Мерлин „падне“, клетките ја губат способноста да се движат колективно и активираат поврзани медицински релевантни, патофизиолошки реакции во организмот.

Мерлин е исто така познат супресор на тумор кој е одговорен за неколку видови на рак. Мерлин ја регулира и „Hippo“ патеката, важна сигнална патека во биологијата, која ја контролира клеточната пролиферација и големината на органите.

Поддржете ја нашата работа: