Како звучи првата музика која некогаш била пуштена на компјутер?

Во денешно време постојано слушаме музика преку нашиот компјутер, што речиси и не размислуваме за тоа, но некогаш пуштањето на музика преку компјутер претставувало речиси незамислив скок на имагинацијата и најтежок програмирачки предизвик.

Четвртиот дигитален компјутер во светот бил дизајниран и изграден во Австралија од страна на Советот за научни и индустриски истражувања (CSIR). Првично познат како „CSIR Mark 1“ (а подоцна преименуван во „CSIRAC“), овој компјутер бил создаден во одделот за радиофизика на Советот за научни и индустриски истражувања во Сиднеј. Ја започнал својата прва тест програма во 1949 година, а во 1950 или 1951 година за прв пат и пуштал музика.

Според денешните стандарди, овој компјутер бил многу примитивен – бил многу бавен (1.000 циклуси во секунда), немал многу меморија (околу 2KB RAM и 3KB диск меморија), бил многу голем и немал екран како денешните современи компјутери. Повеќето податоци излегувале на лента со хартија, која подоцна била претворена во текст на друга машина, а можеби единственото слично нешто бил звучникот (наречен свирче), кој се користел за да се следи напредокот на програмата (обично програмерите поставувале звук на крајот на програмата за да знаат кога завршила).

Computermusic1Но, и покрај тоа што бил примитивен, овој компјутер вршел многу важна работа, вклучувајќи ги и пресметките за откривање на центарот на нашата галаксија во 1953 година, како и за изградба на првиот облакодер на светот.

Во тоа време, првиот софтверски инженер или програмер бил математичарот Џефри Хил, кој преставува еден вид на неопеан херој на австралиските компјутерски науки. Тој потекнувал од музичко семејство и токму неговото музичко познавање било клучно за да го програмира компјутерот за да може да пушта музика.

Компјутерот создавал звуци со испраќање на импулсите од компјутерот до звучникот, но тие тие пристигнувале до звучникот во различно време што резултирало со звукот кој програмерите го користеле за да го означат крајот на програмата, кој постојано имал различна висина. Хил сфатил дека ако ги програмира импулсите да пристигнуваат во исто време ќе добие постојан звук со постојана висина, а потоа можеби ќе успее да ги програмира нотите на музичката скала.

Така, тој го програмирал компјутерот да пушта различна популарна музика секој ден, иако програмерите не биле заинтересирани бидејќи не разбирале што значи употребата на компјутер за потенцијалната композиција и изведба на музиката.

Во следното видео може да го погледнете интервјуто на Тревор Перси кој го предводел тимот кој стои позади овој компјутер. Интервјуто е од 1996 година, неколку години пред тој да почине.

„CSIRAC“ бил првиот компјутер во светот кој пуштал музика, но за жал таа музика никогаш не била снимена. Сега, научниците од Универзитетот во Мелбурн успеале да ја реконструираат за да може повторно да ја слушнеме.

Во 1957 година, акустичниот истражувач Макс Метјуз го предвидел потенцијалот од оваа технологија и создал програма кој му овозможувала на IBM 704 компјутер да пушта музичка композиција од 17 секунди. И покрај претходните музички дела со компјутерот „CSIRAC“ во Сиднеј, Метјуз често се нарекува татко на компјутерската музика.

Од 2000-та година овој компјутер се наоѓа во музејот во Мелбурн.

Поддржете ја нашата работа: