Планот е едноставен. На 17 студенти им бил поставен скенер на мозокот. Потоа научниците им читале озборувања за нив самите, за нивен пријател и за славна личност за која немале посебен интерес. Озборувања биле во форма на опис на нешто добро или лошо што направила целната личност.
Врз основа на мозочната активност било проценето колку од овие раскази им се интересни на студентите.
Наодите покажуваат дека студентите повеќе уживале додека слушале позитивни искази за себе, а негативни искази за другите. Досега, не е изненадување: повеќето луѓе се суетни и егоцентрични.
Станува поинтересно кога фокусот ќе се стави на негативните озборувања за славната личност наспроти негативните озборувања за пријателите. Тие еднакво ги рангирале приказните, но нивниот мозок не се сложувал со исказот. Скеновите покажале дека постои исклучителна пријатност во слушањето за тоа како славните се „непослушни“.
Како го знаеме тоа? Преку активноста на опашкастото јадро, одговорно за задоволството и региите за самоконтрола, што укажува дека студентите чувствуваат вина и се обидуваат да го прикријат задоволството.
Зошто? Психолозите сугерираат дека негативните гласини го привлекуваат вниманието, поради нивната вредност за опстанок во минатото. Но, тоа се’ уште не објаснува зошто конкретно славните личности се интересни.
Што мислите вие?
ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.