Идејата дека пред околу 3 до 4 милијарди години климата на Марс била топла, влажна и слична како на Земјата, со северно море (услови коишто можеле да доведат до живот на планетата) генерално е попопуларна од таа дека Марс бил студена, ледена планета, каде што водата била замрзната во поголемиот дел од времето и многу тешко некој живот би успеал да се развие и опстане.
Робин Вордсворд, асистент на Факултетот за инженерство и применети науки Хардвард Полсон, заедно со своите колеги искористиле три-димензионален модел за циркулација на атмосферата за да го споредат циклусот на вода на Марс под различни сценарија пред околу 3 до 4 милијарди години, со цел да воочат која верзија на Марс ги објаснува денешните карактеристики на планетата.
Едното сценарио го разгледувало Марс како топла и влажна планета со просечна температура од 10 степени Целзиусови, додека другото како студен, замрзнат свет со просечна температура од минус 48 степени Целзиусови.
Тие откриле дека е поверојатно да се случило студеното сценарио, отколку топлото, заосновано на она што се знае за Сонцето и вртењето на оската на Марс пред околу 3 до 4 милијарди години. Студениот модел на Марс исто така ги објаснувал и остатоците од пресушувањето на водата кои останале на површината и ги интригирале и самите научници откога биле откриени во 1970-тата година.
„Ладното сценарио е поедноставно за моделирање, бидејќи Марс добива само 43 проценти од сончевата енергија на Земјата, а порано Марс бил осветлен од Сонцето коешто се сметало дека било 25 проценти позатемнето од денеска“- изјавува Вордсворд.
„Екстремното навалување на оската на Марс би ги посочило половите на планетата спрема Сонцето и би го насочило поларниот мраз спрема екваторот, каде што и се забележани карактеристиките на пресушување на водата денеска. Уште поважно, во рамките на густа атмосфера, екваторските планински региони стануваат постудени, а северните низини стануваат потопли. Ова е т.н „ефект на ледени предели“ во којшто се вбројуваат и планинските врвови покриени со снег на Земјата денеска. И покрај големиот број на фактори за загревање вклучувајќи ја густата атмосфера исполнета со јаглерод диоксид кој исто така ја загрева климата, Марс се´уште би бил многу студен“ – додава Вордсворд
За создавањето на топлиот модел на Марс била потребна поголема работа каде научниците додавале различни климатски ефекти за да го доведат Марс до потопла и повлажна состојба. Меѓутоа, ваквиот модел не ги објаснува карактеристиките на пресушување на водата коишто се забележуваат денеска, и зошто тие се сконцентрирани во близина на екваторот на планетата.
„Студеното сценарио не е совршено, меѓутоа повеќе одговара на нашите набљудувања и забелешки во целина. Се΄уште имаме уште многу работа, па пробувам да имам отворен ум за ова прашање“ –изјави Вордсворд.
Ова истражување е објавено во „Journal of Geophysical Research – Planets“.