Каква е врската помеѓу интелигенцијата и депресијата?

Тука можеби постои поента, бидејќи психијатрите долго време жонглираат со идејата за поврзаност помеѓу високата интелигенција со депресија и ментални болести.

Генијалниот компјутерски програмер, научникот, или здодевниот професор би требало да бидат социјално неприлагодени. Тие се појавуваат на забави со разбушавена коса, развлечена облека и ја поминуваат вечерта стуткани во некој ќош. Брилијантниот уметник е осаменик со темни расположенија. Кога не работи на создавање на ремек-дела на платно или пијано, тој се држи за шишето, исфрлајќи го бесот на сите околу него. Дали се ова лажни стереотипи, или сепак има доза вистина во нив?

Позитивна корелација помеѓу низок степен на интелигенција и депресија

Некои студии сугерираат психијатриски позитивна корелација помеѓу ниските нивоа на интелигенцијата и депресијата. Една студија врз основа на наодите од анкета за психијатриски морбидитет кај возрасните во Англија заклучува дека луѓето со низок степен на интелегенција се помалку среќни од нивните поинтелигентни колеги. Во текот на оваа студија, испитаници со ниво на интелигенција од 70-79, која се смета за гранична вредност, изјавиле дека се помалку среќни од испитаниците со ниво на интелигенција од 120-129, која се смета за екстремно висока. Истражувачите користеле параметри како позитивно расположение во поголемиот дел од времето, задоволство и квалитет на животот, со цел да го измерат нивото на среќа.

Ниско ниво на интелигенција е индикатор за недостаток на когнитивни способности потребни за извршување на повеќето образовни и работни места. Луѓето со ниски нивоа на интелигенција имаат тенденција да покажуваат лоши резултати на училиште и не успеваат да добијат добро платени работи. Всушност, интелектуално дефицитарните луѓе често се невработени. Невработени луѓе не можат да заработат доволно за себе или за нивните семејства. Како резултат на тоа, нивните односи страдаат. Невработеноста, ниските приходи, нефункционалните односи, посакуваниот живот и фрустрациите – тоа се многу причини за депресија.

Сепак, некои истражувачи тврдат дека и обратната врска може да биде вистинита. Според нив, депресијата ги намалува когнитивните способности кај личноста.

Во еден експеримент спроведен врз голем број на луѓе со различни степени на познати депресивни растројства и ментално здрави индивидуи, е откриено дека првата група имала полоши постигнувања на тестовите за интелигенција.

За оваа појава постојат невролошки докази. Депресивните пациенти покажуваат намалување во функционалната способност во фронталниот лобус на мозокот. Фронталниот лобус е поврзан со повисоки ментални функции и извршни способности.

Дали тоа значи дека високо интелигентните луѓе се генерално задоволни и не страдаат од депресија?

Човечкиот ум е комплексен и два и два не е секогаш четири

Истражувачите имаат причини да веруват дека високиот „ IQ“ не служи како заштита против депресија. И кај овие лица може да се развие депресија и други ментални нарушувања.

Позитивна корелација помеѓу висок „IQ“, депресија и други ментални нарушувања

Фасцинацијата со генијалците и опсесијата за изнаоѓање на позитивна врска помеѓу високиот интелектуален потенцијал со менталните нарушувања датира од времето на Хипократ во 4 век п.н.е. Сигмунд Фројд  ја истражил идејата, а современите истражувачи секојдневно ја надоградуваат. Во една студија на деца со IQ ниво над 130 (екстремно високо ниво), истражувачите откриле дека 65 проценти од испитаниците имаат клиничка депресија.

Неколку студии се обидуваат да ја поврзат појавата на депресија кај надарените лица со специфичниот ментален склоп кој произлегува од нивниот висок степен на интелегенција. Луѓето со висок коефициент на интелигенција имаат тенденција да создаваат богат внатрешен живот, нов свет кој одговара на нивните соништа и желби. Тие исто имаат поинтензивни и потрајни реакции на стимулите  во однос на останатите. Ова значи дека кога реалноста се коси со нивната перцепција за она што е „правилно”, тие се чувствуваат поразено и не можат да се справат.

Високо интелигентните луѓе се исто така многу чувствителни и имаат тенденција да бидат социјално повлечени. Тоа може да биде затоа што тие се премногу зафатени со мисловни процеси или пак поради тешкотијата да пронајдат некој сличен со кој би се поврзале на интелектуално и емоционално ниво. Поради нивното чувство на отуѓеност од светот во целина, луѓето со висок коефициент на интелигенција имаат недостаток на системи за поддршка.

Уникатните ментални и карактерни особини на надарените и креативните поединци, исто така, може да го објасни потеклото на популарната перцепција дека генијалците се „луди”. Една студија во Шведска покажала дека луѓето со шизофренија и биполарно растројство се со поголема веројатност да работат на креативни работни места кои бараат високо ниво на когнитивна и уметничка интелегенција отколку лицата кои не страдаат од овие ментални нарушувања.

Ви се верува ли дека високите оценки во училиштето се поврзани со четирикратно зголемување на шансите за добивање на биполарно растројство во зрелите години?

Според авторите на истражувањето, учениците кои се супериорни во лингвистика, музика и аритметика имаат поголема веројатност за развој на биполарно растројство. Извонредноста во овие дисциплини бара од лицето состојба на огромен фокус, односно забележување на основните модели и нивно поврзување во нови иновативни шеми. Овие ментални карактеристики ги прават лицата подложни на доживување на силни емоции, класичен симптом на биполарно растројство.

Поддржете ја нашата работа: