Какви личности стануваат предвремено родените бебиња?

За класифицирање на несекојдневните услови на раѓање се користат општо утврдени стандарди. Бебињата родени на гестациска возраст од помалку од 32 недели се сметаат за „многу предвремени”, додека бебињата родени со килограм и пол или помалку, се сметаат за новороденчиња со „многу ниска родилна тежина”. Познато е дека бебињата кои спаѓаат во некоја од овие категории имаат ризик за развојни проблеми. Со помош на неврологијата, истражувачите од Универзитетската болница во Бон, Оксфорд и други англиски универзитети одлучиле да изградат општ профил за карактерот на предвремено родените бебиња и бебињата со ниска родилна тежина.

Истражувачкиот тим анализирал и споредувал особини на личноста на две одделни групи на 26-годишна возраст. Првата група (200 луѓе) биле предвремено родени и/или со ниска тежина, додека втората група (197 луѓе) биле родени во термин и во рамките на нормалните граници на тежина. Учесниците од првата група биле следени како дел од Баварската лонгитудинална студија. Сите биле родени во периодот од јануари 1985 до март 1986 година во јужна Баварија, Германија и сите биле под лекарски надзор во првите 10 дена од животот. Нормалните бебиња биле родени во исти акушерски единици и служеле како контролна група во истражувањето.

Оценувани биле особините на личноста, на сега веќе 26-годишниците, во пет димензии: eкстраверзија- интровертност, емоционална стабилност – невротичност, совесност -импулсивност, пријателство-непријателство и отворен ум- затворен ум. Овие основни карактеристики најчесто се користат за опишување на личноста, а психолозите го користат тестот „Big Five Personality Traits“.

Наодите од истражувањето се следни:

Оние кои биле родени предвремено и/или со ниска тежина пријавиле значително повисоко ниво на однесувања од аутистичниот спектар, затвореност, невротичност, согласност и пониски нивоа на преземање ризик. Целиот овој кластер на црти е една „социјално повлечена личност” – некој кој лесно се загрижува, некој кој е помалку општествено ангажиран, помалку заинтересиран за преземање ризици и помалку комуникативен, велат истражувачите.

Тие шпекулираат дека овие деца се изложени на значителен стрес во неонаталната интензивна нега и тоа за возврат не влијае само на развојот на мозокот, туку и на нивните адаптивни способности. Додека растат, родителите им се премногу заштитнички.

Претходните истражувања покажаа дека на предвремено родените бебиња и/или бебињата со ниска родилна тежина им е потешко да се дружат, да најдат долгорочен партнери и да станат родители. Тие се со помала веројатност за високо образование или за добро платена работа.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.