Камера без батерии и струја

Тие дизајнирале пиксел кој не само што може да ја мери осветленоста, туку и да ја трансформира во електрична енергија.

Се очекува дигиталната обработка на слика да овозможи појава на многу нови области, вклучувајќи преносливи уреди, сензор мрежи, паметни средини, персонализирана медицина и „интернет на предметите“. Камера која може да функционира како неповрзан уред засекогаш, без надворешно напојување, би била неверојатно корисна.

Истражувачите предводени од Шри К. Најар, професор по компјутерски науки, сфатиле дека иако дигиталните камери и соларните панели имаат различна намена – едните ја мерат светлината, а другите ја претвораат во енергија, и двете, во суштина, се изградени од истите компоненти. Во срцето на секоја дигитална камера има сензор за слика, чип со милиони пиксели. Клучниот елемент во пикселот е фотодиодата која кога ќе се изложи на светлина произведува електрична енергија. Овој механизам му овозможува на секој пиксел да го мери интензитетот на светлина што паѓа на него. Истата фотодиода се користи и кај соларните панели за да се претвори сончевата светлина во електрична енергија. Разликата е тоа што кај дигиталните камери пикселот се користи во фотоспроводлив, а кај соларните панели во фотоволтаичен модул. Кај новата камера, фототидата на секој пиксел работи во фотоволтаичен модул.

Дизајнот на пикселот е многу едноставен и користи само два транзистори. За време на секој циклус на сликање, пикселите најпрво се користат за да ја снимат и прочитаат сликата, а потоа за да ја соберат енергијата и да ги наполнат сензорите – сензорот постојано се менува од модулот за сликање на модулот за собирање на енергија и обратно. Кога камерата нема да се користи за сликање, може да се користи за да напојува други уреди, како на пр. телефони или часовници.

„Веруваме дека нашите резултати се значителен чекор напред во развивањето на целосно нова генерација на камери кои може да функционираат многу долго време, идеално – засекогаш, без надворешно да се полнат“, истакнуваат истражувачите.

Тимот ќе ја претстави својата работа на Меѓународната конференција за компјутерска фотографија на Универзитетот Рајс во Хјустон, од 24 до 26 април.

Поддржете ја нашата работа: