Канабисот може да го подобри ноќното гледање

Канабисот може да има некои прилично чудни ефекти врз нашето тело но, едно ново истражување сугерира дека има уште една потенцијална придобивка од оваа дрога- подобрување на ноќното гледање.

Иако звучи прилично лудо, ова не е првиот пат кога е забележано дека канабисот може да го подобри ноќното гледање.

Пред 25 години, фармакологот М.Е.Вест од Универзитетот во Јамајка, објавил дека локалните рибари кои пушеле трева или пиеле рум направен од листовите или стеблата на ова растение, имале „невообичаена способност да гледаат во темница“.

Се шпекулирало дека истото се случува и во Мароко, каде рибарите и планинските жители пушеле хашиш, производ од растението канабис, и во 2002-рата година бил испратен тим на истражувачи од САД и Шпанија за да го проучат овој феномен.

Тие му дале на еден волонтер плацебо и на други тројца хашиш, и откриле дека сите три тест субјекти имале подобрено ноќно гледање откако ја земале дрогата. Тие ги објавиле своите резултати во 2004-тата година во „Journal of Ethno-Pharmacology“.

landscape-1450190972-g-night-vision-159237252

Но, оттогаш па се досега никој не успеал на биолошко ниво да открие како оваа трева може да има таков ефект.

Најблиску до тоа што дошле истражувачите е тоа што покажале дека има повеќе „рецептори CB1“ (со кои психоактивната состојка на марихуаната е познато дека се поврзува) во очите, отколку во мозокот, со што тие се прилично сигурни дека тоа што се случува, се случува во рамките на мрежницата, а не во визуелниот кортекс.

За да истражуваат понатаму, тимот предводен од Луис Миракурт од Невролошкиот институт Монтреал во Канада одлучил да ги проучи транспарентните полноглавци на африканската крастава жаба „ Xenopus laevis“.

xl_tadpole

Во првиот дел од експрериментот тие примениле синтетички канабиноид- направен во лабораторија за да ги реплицира ефектите од канабис, на очните ткива на полноглавците, и користеле микроелектроди за да измерат колку ретиналните ганглион клетки (кои го сочинуваат оптичкиот нерв) ќе реагираат на светлина.

Тие покажале дека канабиноидот направил клетките да бидат почувствителни, како и побрзо да реагираат и на добра и на намалена осветленост.

За да истражат дали ова всушност влијае на способноста на полноглавците за гледање воопшто, тимот ги ставил полноглавците во сад со различни услови на осветленост и следел како тие реагираат на темни точки, и кога биле и кога не биле изложени на канабиноид.

Под нормални услови на осветленост немало никаква разлика кај тие што биле и кај тие што не биле изложени, но во услови на намалена осветленост изложените полноглавци повеќе ги избегнувале темните точки, што укажува дека биле во можност да ги видат овие точки подобро во мракот.

Се разбира, се´уште не е јасно дали истата работа би можела да се случува и кај луѓето и се’ уште имаме многу да учиме за ефектите – на пример колку долго траат и дали има некакви несакани ефекти на визуелниот систем.

Иако треба да се направат уште многу други истражувања, резултатите укажуваат дека некоја состојка од канабисот потенцијално би можела да биде корисна за третирање на болести како што се пигментозен ретинитис или глауком, кои ги убиваат клетките во мрежницата и постепено предизвикуваат слепило.

Ова истражување е објавено во „ eLIFE“.

Поддржете ја нашата работа: