Канибалистите живееле во Европа: Пронајдени мистериозни модификации на човечки коски

Коски стари 15.000 години, се пронајдени во пештера во Cheddar Gorge, на себе имаат необични цик-цак гравури за кои научниците сметаат дека станува збор за намерна резба.

И порано проучувањето на тие коски покажало дека станува збор за доказ за канибализам, но палеонтолозите дебатираат дали некои од трагите пронајдени на коските се намерно врежани или се едноставно траги од колење.

Авторите на новата студија ја проучувале коската на десен палец, ископана уште во 1987ма година, во пештерата Gough’s Cave. Коската е модифицирана со изгравирани ознаки, чија штета е настаната со удирање и со траги од заби, како и необичните цик-цак резби од страна.

Со цел да истражат дали овие цик-цак резби се резултат на намерна резба на коски, научниците користеле макро и микроморфометрична анализа, па ги споредувале со други артефакти од истиот период.

Анализата открила дека знаците се намерно врежани, што сугерира дека резбата е намерен елемент на ритуал од канибализам.

Научниците засега можат само да шпекулираат во врска со симболиката на оваа резба, но едно од објаснувањата е дека станува збор за единствен ран пример на канибализам кој до сега не е применет во периодот на палеолитот.

“Низата на модификации извршени на оваа коска укажува дека резбата е намерен елемент на канибализам, и дека е преполн со симболички значења”, вели авторот на студијата Д-р. Силвиа Бело од природонаучниот музеј.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.