Ќе постои ли Земјата за 5 милијарди години?

Што ќе се случи со Сонцето за 5 милијарди години од сега, и како тоа ќе влијае на планетите во нашиот Сончев систем, особено Земјата?

За да одговорат на ова прашање, еден тим на астрономи од Белгија започнале да разгледуваат една далечна ѕвезда наречена „L2 Puppis“ која е оддалечена 208 светлосни години и може да ни даде точна претстава за тоа што може да се случи кога Сонцето ќе се претвори во црвен џин.

Тимот на астрономи од Универзитетот во Лувен, Белгија користи ѕвезда, која пред 5 милијарди години можно е да била близнак на Сонцето, како сведок за иднината на нашиот Сончев систем.

„Откривме дека „L2 Puppis“ е околу 10 милијарди години стара. Пред 5 милијарди години, оваа ѕвезда била речиси совршен близнак на нашето Сонце, како што е денес, со иста маса. Една третина од масата на ѕвездата се изгубила за време на нејзината еволуција. Истото ќе се случи и со нашето Сонце во многу далечната иднина“– вели Вард Хоман, член на тимот.

За да го изведат ова набљудување, тимот на научници го користел радио телескопот „ALMA“ на Европската јужна опсерваторија во Чиле, еден од најмоќните телескопи кои постојат, кој користи 66 антени за да создаде виртуелен телескоп кој е извонредни 16 километри во дијаметар.

1-willearthsti

„5 милијарди години од сега Сонцето ќе прерасне во ѕвезда – црвен џин, сто пати поголема од неговата сегашна големина. Исто така ќе доживее и интезивно губење на масата поради многу силен ѕвезден ветар. Крајниот производ на неговата еволуција, 7 милијарди години од сега, ќе биде мала бела џуџеста ѕвезда. Ќе ја има истата големина со Земјата, но ќе биде многу потешка – една лажичка на материјал од бела џуџеста ѕвезда тежи околу 5 тони“ – вели Лин Десин, уште еден член на тимот.

Иако многумина од нас веќе знаат дека Сонцето на крај ќе изумре, ова е прв пат научниците да бидат во можност всушност да погледнат во телескоп и да видат како тоа ќе изгледа.

Исто така, покрај крајот на Сонцето, другото уште потешко прашање е што ќе се случи со планетите кои орбитираат околу него, поточно со нашата планета Земја?

На кратко, никој не знае, но тоа сигурно нема да биде добро за нас или кој било друг живот на Земјата.

„Судбината на Земјата е се’ уште неизвесна. Веќе знаеме дека нашето Сонце ќе биде поголемо и посветло, така што најверојатно би го уништило секој облик на живот на нашата планета. Но, дали карпестото јадро на Земјата би можело да ја преживее фазата на црвениот џин и да продолжи да орбитира околу белата џуџеста ѕвезда?“, вели Десин.

Она што тие го знаат е дека планетите како што се Меркур и Венера целосно ќе бидат уништени од зголемената ѕвезда.

Иако е потребно понатамошно истражување за да се разбере во целост што ќе се случи со Земјата, тимот сепак има некоја трага.

Постои карпеста планета која орбитира околу „L2 Puppis“ на оддалеченост од околу 300 милиони километри, што е два пати повеќе од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. Тие сметаат дека системот изгледа вака:

sunstarfuturebody

Тимот се надева дека ќе биде во можност да ја проучи таа планета во наредните месеци за подобро да ја разбере судбината на Земјата, како и на останатите планети во Сончевиот систем кои се наоѓаат подалеку.

Работата на тимот е објавена во „Astronomy and Astrophysics“.

Поддржете ја нашата работа: