Според новото истражување на научниците од Државниот универзитет Санкт Петерсбург во Русија, кенгурите се левучари. Додека научниците истражувале во Австралија, откриле дека 95% од торбарите ги користат своите леви шепи за физичка активност.
Ова е изненадување за научниците, бидејќи претходните истражувања ја поддржувале идејата дека користењето на левата или десната рака е уникатна карактеристика на приматите. Ова истражување покажува дека и други видови кои стојат на две нозе развиле доминантна рака.
Научниците набљудувале три видови на кенгури и еден вид на валаби. Сите ја користеле левата рака за да јадат, но источниот сив кенгур и црвениот кенгур ја користеле исклучиво левата рака за сите задачи.
Колку повеќе научниците откриваат видови со доминатна рака, толку повеќе учат за симетријата на мозокот, или можеби е подобро да кажеме за асиметријата на мозокот. Познато е дека користењето на левата рака потекнува од десната страна на мозокот кај човекот и другите примати, па можеби тоа е така и кај мозокот на кенгурите.
Истражувањето е објавено во „Current Biology“.
ЕНаука — поддржана од читателите
Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.
Поддржете ја ЕНаука
Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.
15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032cE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJtВи благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























