Кина ги испрати првите двајца астронаути кои ќе поминат 30 дена и ќе извршуваст експерименти на вселенската лабораторија Тиангонг-2.
Ова ќе биде досега најдолга мисија на кинеските астронаути во вселената и ќе им помогне да се подготват за идните мисии на Марс и на Месечината, како и да ја остварат целта за постојана вселенска станица во орбитата до 2022 година.
Двајцата астронаути – 49-годишниот Јинг Хаипенг (кој веќе два пати бил во вселената) и 37-годишниот Чен Донг, биле лансирани од космодромот Џиучиен во пустината Гоби.
Астрономите ќе одат и ќе се вратат со леталото „Shenzhou-11“, кое беше подигнато со ракетата „Long March-2F“ и за два дена би требало да се приклучат со Тиангонг-2.
Ова е шести екипаж што Кина го лансира во вселената, но досега најдогиот престој бил 15 дена, така што ова ќе биде двојно подолга вселенска мисија.
За време на престојот на вселенската лабораторија, астронаутите ќе изведуваат бројни експерименти, меѓу кои и одгледување на растенија во вселената и ќе користат ултразвучна опрема за да ги тестираат ефектите на вселената врз нивните тела.
Тие исто така ќе ја тестираат комјутерската опрема, погонските системи како и системите за одржување на живот на Тиангонг-2.
Тиангонг, што на кинески значи „Небеска палата“ беше лансирана минатиот месец, како втора кинеска вселенска лабораторија.
Меѓутоа, Кина призна дека изгубила контрола над вселенската лабораторија Тиангонг-1, што беше лансирана во 2011 година и се очекува таа да падне на Земјата во 2017 година.
Надежите се дека новата лабораторија ќе има повеќе среќа, а додатните модули ќе овозможат да ја постигне целта и да стане целосно функционална вселенска станица до 2022 година.
Кина е третата земја, после Русија и САД, која лансирала сопствен екипаж во вселената. Таа беше исклучена од Меѓународната вселенска станица поради сомневањата дека има воени амбиции, па затоа Кина има за цел да изгради сопствена станица која се надева дека ќе функционира најмалку една деценија.
„BBC“ објави дека лансирањето било прогласено за успешно 15 минути по полетувањето, а кинескиот претседател Кси Џинпинг изразил честитки преку државните медиуми, додавајќи дека оваа мисија „ќе и овозможи на Кина да направи посериозни чекори во идните вселенски истражувања.“
Кина вложува огромни средства во истражувањата на вселената во последните неколку години со планови да започне најмалку 20 вселенски мисии во 2016 година.
Кина веќе испрати ровер на Месечината (RIP Jade Rabbit), а планира да лансира уште една сонда на далечната страна на Месечината до 2018 година. До 2020 година, земјата планира да испрати летало без екипаж на Марс.
Им посакуваме многу среќа на астронаутите и со нетрпение очекуваме да видиме што следно ќе направат.