Кина најави изградба на безбедна нуклеарна централа до 2017 година

Кина најави дека во 2017 година ќе воведе нуклеарна централа која ќе биде отпорна на прегревање, односно топење на нуклеарниот реактор.

Нуклеарната централа нема да се потпира на сложени надворешни системи кои ќе ја регулираат топлината (како оние кои во Фукушима) и во теорија, би требало да биде безбедна и да не се прегрева.

Централата ќе се состои од следната генерација на два 105-мегаватни реактори, каде што ураниумот ќе биде сместен во графитни сфери со големина на тениски топчиња, што значи дека дури и ако температурата ја помине дозволената граница, ураниумот нема да истече. Покрај тоа, реакторот постојано се полни со силен налет на хелиум гас што овозможува системот на работи на 950 сепени Целзиусови.  Ваквите реактори со висока температура се имуни на топење бидејќи не им се потребни надворешни системи за ладење, како оние кои откажаа во Фукушима, Јапонија во 2011 година.

56bdb066c461881e598b45cd

Технологијата позади овие реактори потекнува од Германија уште од пред неколку децении, но сега за прв пат дизајнот ќе биде изграден на комерцијални размери низ целиот свет, а тоа е прилично голема работа.

Доколку Кина успее во ова, ќе реши еден од најголемите проблеми во врска со нуклеарната енергија и ќе покаже дека оваа технологија може да се користи за безбедно да се генерира енергија, со многу помалку емисии на стакленички гасови во споредба со фосилните горива.

Реакторот се гради во провинцијата Шандонг, јужно од Пекинг и според Жанг Зуој, директор на Инстиутот за нуклеарна технологија, изградбата е речиси завршена. Следниот чекор вклучува 18-месечно тестирање и полење, пред реакторите конечно да ја започнат својата работа во ноември 2017 година.

Нуклеарната централа би требало да генерира 210 мегавати енергија, а Кина веќе планира изградба на нова со капацитет од 600 мегавати во покраината Џјанси. Покрај тоа, Кина веќе најави планови за да ги продаде реакторите на меѓународно ниво, со веќе постоечки договор за изградба на реактор во Саудиска Арабија.

„Оваа технологија ќе се наоѓа на светскиот пазар во рок од 5 години“, изјави Жанг за МИТ. „Овие реактори ги развиваме за да му припаднат на целиот свет“.

Нуклеарните реактори работат со помош на нуклеарна фисија – процес во кој атомите се делат на помали неутрони и јадра, при што се генерира енергија. Овој процес е многу поефикасен од јагленот, но произведува опасен радиоактивен нуклеарен отпад, како и ризик од катастрофално прегревање, односно топење, при што доаѓа до истекување на нуклеарниот отпад во средината со што таа станува непогодна за живот во следните неколку децении (што се случи во Чернобил и во Фукушима). Токму поради овој ризик, многу земји ги одбираат обновливите извори на енергија како побезбедна алтернатива.

И кај овој систем се’ уште постои проблемот со нуклеарниот отпад, но малите топчиња од ураниум го олеснуваат процесот на исфрлање, додека крајната цел на Кина е рециклирање на нуклеарниот отпад.

Можеби најголемиот проблем кај овој вид на реактори се разбира се парите и токму затоа никој досега ги нема изградено за комерцијални цели. Но, кинезите сметаат дека доколку реакторите започнат масовно да се произведуваат, цената ќе им се намали – а кинескиот пазар е доволно голем за изврши потенцијален притисок.

Со оглед на се’ поголемата употреба и комерцијализација на обновливите извори на енергија, со нетрпение чекаме да видиме дали Кина ќе успее да ја врати нуклеарната енергија на пазарот.

Поддржете ја нашата работа: