Кина станува лидер на полето за развој на вештачка интелигенција

Кинеската компанија SenseTime Group Ltd, која се занимава со развој на технологија за препознавање на лица е вредна дури 4,5 милијарди долари.

Нивните инвеститори, меѓу кои е и компанијата за е-трговија Suning.Com и државниот фонд Temasek Holdings од Сингапур, помогнале да се акумулираат средства, но најмногу околу 66 милиони доаѓаат од Alibabа. Иако компанијата не ја открива својата вистинска вредност, извори како Ројтерс велат дека таа тежи дури 4,5 милијарди долари.

Од компанијата велат дека поставиле нов светски рекорд во собрани средства помеѓу сите компании кои се занимаваат со развој на вештачката интелигенција.

Со толкав буџет, всушност би биле и највреден AI стартап на светот, во време кога кинеската влада забрзано работи на полето за развој на вештачка интелигенција во настојувањето да стане меѓународен лидер на ова подрачје до 2025 година.

SenseTime ја употребува вештачката интелигенција во софтверот за надзор, особено при анализа на фотографии кој го користи кинеската полиција. Уште пред две години имале технологија која моѓе да идентификува автомобили и лица на оддалеченост од 100 метри. SenseTime исто така, развива автономна технологија за возење.

Исклучително профитабилни станале во 2017 година, речиси нечуено во светот на стартапите, а нив ги основал кинескиот Универзитет во Хонг Конг три години порано.

Извршниот потпретседател на Алибаба, Џо Циа вели дека е особено импресиониран од нивните можности за истражување и развој на вештачката интелигенција и визуелната технологија.

“Нашата работа во Алибаба веќе има опипливи придобивки од инвестициите во областа на вештачката интелигенција и ние ќе продолжиме да инвестираме понатаму”, истакнува тој.

Поддржете ја нашата работа: