Приказната започна со облакодери кои ќе инспирираат еден цел шумски град до 2020та година. Имено уште оваа година италијанската архитектонска агенција Stefano Boeri Architetti (SBA) соопшти дека планираат да изградат два зелени облакодери во Нанџинг, Кина.
Оваа вертикална шума од облакодери, погодна за живеење е дизајнирана за да го пробие смогот, јаглеродниот диоксид да се апсорбира и да испарува кислород. Во пресрет на ова е роден првиот шумски град за борба против загадувањето. Сега е во изградба во градот Liuzhou во кинеската провинција Гуангкси.
Овој град е дизајниран од страна на Стефано Боери, и се проценува дека ќе биде домаќин на 30 илјади луѓе. Благодарение на дрвјата и растенијата, ќе може да се апсорбираат речиси 10 илјади тони јаглероден диоксид, 57 тони загадувачи годишно и да се произведат околу 900 тони кислород годишно.
Како резултат на тоа, шумскиот град ќе помогне да се намали просечната температура на воздухот, да се подобри локалниот квалитет на воздухот, да се создадат звучни бариери и да се подобри биодиверзитетот воопшто во регионот.
Во градот е предвидено користење на соларна енергија, а ќе бидат засадени и многу растенија од над 100 видови, како и 40 илјади дрвја. Имено, ќе бидат изградени училишта и две болници, а ќе може да се вози со електрични автомобили.