Кинескиот ровер откри повеќе слоеви на Месечината

Радарските бранови од кинескиот ровер  „Yutu“ насочени кон површината на Месечината открија девет различни слоеви, директно под местото на слетувањето што се нарекува „Море од дождови“. Мноштвото од карпести слоеви укажуваат дека Месечината има подолга геолошка историја отколку што се мислеше, се наведува во извештајот од истражувањето објавен во списанието„ Science“ од 13-ти март 2015 година.

Роверот „Yutu“ беше спуштен на површината на Месечината во декември 2013година. Движејќи се по површината на Месечината, роверот со помош на радио брановите од двете радарски антени, ја сондирал внатрешноста на Месечината во близина на кратерот каде бил спуштен. Секогаш кога брановите удирале на границата помеѓу двата слоја, дел од брановите се одбивале назад  до роверот. Овие одбиени бранови му овозможувале на роверот да „ѕирне“ до околу 400 метри во внатрешноста на ;есечината и да ги распознава геолошките карактеристики што се формирани во периодот од 3,3 милијарди години.yutu

Последните слоеви, истражувачите ги припишуваат на насобраната прашина и остатоци од активностите во блискиот кратер. Во подлабоките слоеви се наоѓаат остатоци од пет исфрлања на лава која го поплавила подрачјето, а најраните датираат од пред 2,5 милијарди години.

Бројот и составот на овие карпести депозите се различни од оние што се забележани во претходните истражувања на Месечината, нагласуваат истражувачите, што укажува на тоа дека геолошкото минато на Месечината е богато со многу поразновидни настани отколку што претходно се веруваше.

Ова откритие веројатно ќе биде едно од последните записи на „Yutu“. Роверот се соочил со потешкотии во функционирањето во јануари 2014 година и преживел само еден месец, од предвидените три месеци.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt