Кинеското „око“ претставува трета генерација на CCD оптички сензор кој ќе се користи во втората кинеска вселенска лабораторија „Tiangong-2“, сондата „Chang’e-5“ и вселенската станица со човечки екипаж, според Кинеската академија за вселенска технологија.
Кина планира да ја лансира „Tiangong-2“ во 2016 година и да ја испрати „Chang’e-5“ да собере примероци од Месечината и да се врати на Земјата до 2017 година. Вселенската станица со човечки екипаж би требало да започне со работа околу 2022 година.
„Окото“ е од суштинско значење за леталата кои стотици километри се движат едно позади друго за успешно да се спојат. Последните 150 метри помеѓу леталата се најкритични. Едно мало поместување може да доведе до катастрофа (како онаа во филмот Интерстелар).
Во споредба со претходните сензори, „окото“ ќе може појасно да гледа под директна сончева светлина, што во голема мера ќе ја подобри безбедноста. Покрај тоа, времето коешто му е потребно на „окото“ за да ја забележи својата цел и да ја препознае е намалено од 10 секунди на помалку од една секунда. Тежината и потрошувачката на енергија изнесуваat само половина од сличните производи на меѓународно ниво. Може да се користи и кај механичките раце за полнење гориво и поправка на леталата, како и на подводните возила.