Дали станува збор за намерно смислен податок од противниците на вакцините или за ненамерна грешка не би можеле да кажеме, но во секој случај, како што би рекол нашиот народ, „каде што има дим има и оган“.
Факт е дека во вакциналната доза не може да се содржат споменатите клетки, но факт е и тоа дека клетки од човечки ембриони, со старост од три месеци, редовно се користат во процесот на производство на вакцините.
Имено, за производство на вакцини потребни се вируси (или нивни делови) кои мора да бидат култивирани во клетките на домаќинот, бидејќи вирусот надвор од клетка не е способен да се размножува. За многу вакцини се користат клетки од разни видови цицачи, но некои видови вируси (пр. мали сипаници) се специфични само за човечкиот организам, односно, можат да се размножуваат само во клетките на човекот.
Користејќи ги човечките клеточни линии истражувачите можат да ги култивираат вирусите што се опасни за човекот и да ги ослабат нивните вирулентни својства. Еден од начините за намалување на потентноста на вирусот е негово одгледување на температура пониска од телесната, односно во средина до 30 степени целзиусови. После неколку генерации, вирусот се прилагодува на таа температура па кога ќе се внесе во организмот, каде што температурата е повисока, ја губи способноста за репродукција. Тој може да предизвика одговор на одбранбениот систем на човекот, но не може да се размножи во доволна концентрација за да предизвика болест.
Првата вакцина произведена со употреба на човечки клетки е онаа против рубеолата, произведена во 1940 година, во универзитетот Вистар, во Филаделфија. Биле употребени клеточни соеви од ембрионално ткиво на бели дробови, од абортиран човечки плод. Во тие клетки вирусот на рубеолата се развивал без контаминација. Клеточниот сој го добил кодното име Wi-38, под кое се води и денес. Оваа вакцина е во употреба како дел од тривалентната вакцина ММR.
Тука некаде би можеле да резимираме дека вакциналната доза нема ни траг од ембрионалните клетки кои се користат во процесот на производство на вакцините. Во спротивно лицето кое ја прима би можело да се соочи со силен имун одговор на организмот што во некои случаи би можело да биде и опасно по живот.
Но, секогаш постои едно – но, кое што лебди во воздухот и кое би требало да се спомене.
Дел од јавноста, меѓу кои и приврзаници на хомеопатијата, оценуваат дека медиумот во кој се наоѓа антигенот (култивираниот вирус), а кој во најголем процент е вода, ја прима информацијата за присуството на човечки клетки. Ја задржува во себе и одредено време ја чува запишано во молекуларната структура на водата. Не идентично, но слично како што и хомеопатскиот лек го памети присуството на активната компонента, што подоцна го манифестира врз организмот. Овој момент, според приврзаниците на оваа идеја, е тригерот што во одредени организми ги поттикнува одбранбените клетки своите нишански справи да ги „наштелуваат“ и против клетките на сопствениот организам.
Одговорот на оваа теза тука не би можеле да го дадеме бидејќи супстанциите што ме можат да се докажат лабораториски ѝ преостануваат само на квантната медицина.
А, кога сме кај неа, да се потсетиме не зборовите на големиот Никола Тесла: „Кога медицината ќе почне да се проучува на квантно ниво, тогаш таа за двојно пократко време ќе напредне онолку колку што било потребно за нејзиниот развој од самиот почеток на современата медицина па сѐ до денес.“
Следува список на вакцини за чие производство се употребуваат клетки од човечки ембриони. Листата е објавена и на официјалната интернет страна на Националниот американски институт за здравство.
- Аденовирус
- Мали сипаници
- MMR 2
- Polio + DTaP + HiB
- Hepatitis-A
- Herpes Zoster
- Беснило
П.Б.
Дилемата околу употребата на вакцините е се поприсутна во нашето секојдневие и дефинитивно е потребна дебата и конкретен научен одговор. Би сакале да го слушнеме и вашиот став кон ова прашање:
[socialpoll id=”2426404″]