Земјата сега влегува во период на климатските промени, кој најверојатно ќе биде побрз од сите промени во последните илјада години, се вели во новиот извештај, кој меѓудругото содржи и насоки за прилагодување на глобалното затоплување.
Интердисциплинарниот научник Стив Смит и неговите колеги од националната лабораторија „Pacific Northwest“ на Одделот за енергија, ги анализирале историските и планираните промени во текот на неколку децении за одредување на температуратурните трендови кои ќе ги почувствуваме.
Генерално, затоплувањето на Земјата се должи на зголемување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата. Но, порастот не е правопропционален – температурите варираат нагоре-надолу. Иако природните промени во температурата веќе долго време се изучуваат, нивната брзина не е доволно разбрана. Всушност, тие информации се клучни за заштита од негативните влијанија.
За да се испитаат стапките на промена користен е „Coupled Model Intercomparison Project“. „CMIP“ комбинира и споредува симулации на огромен број климатски модели од целиот свет.
Сите „CMIP“ модели кои се користат содржат податоци за концентрациите на стакленички гасови во минатото и иднината, емисиите на загадувачки супстанции, како и промените во користење на земјиштето, кои можат да емитуваат или да ги апсорбираат емисиите на стакленички гасови.
Најпрво, тимот пресметал колку брзо се случувале температурните промени помеѓу 1850 и 1930 година, период кога луѓето почнале со водење на евиденција, но тогаш износот на гасови од фосилно гориво во атмосферата бил низок и промените биле во очекуваниот природен опсег.
Земени заедно, во пократок временски период, симулациите се слични на реконструкции во текот на еден подолг временски период, што е показател дека моделите одлично ја рефлектираат реалноста.
Сега наспроти тогаш
Потоа е пресметана 40-годишната стапка на промена помеѓу 1971 и 2020 година. Заклучокот е дека просечната стапка на промена во Северна Америка, на пример, ќе биде околу 0,3 степени Целзиусови по деценија, повисоки отколку што е природната варијабилност. „CMIP“ моделите покажуваат дека, во моментов, повеќето региони во светот се речиси целосно надвор од природниот опсег на промена.
Испитувани се можни сценарија за иднината на емисиите. Дури и сценаријата со помалку емисии, резултираат со зголемување на брзината на климатските промени во остатокот на векот.