Климатските промени влијаат на кафето во целиот свет

Влијанието од климатските промени веќе драстично се одразува на нашиот свет, од опустошувањето на коралните гребени, влијанието врз храната, се до топењето на мразот на половите на нашата планета – но едно ново истражување покажува дека зголемувањето на температурите исто така се заканува и на нашите залихи на кафе во скоро секоја земја.

Овој извештај ги сумирал истражувањата од целиот свет за ефектот на климатските промени врз производството на кафе – и резултатот не изгледа добро.

„Исплашени сме дека до 2050-тата година може да дојде до пад од 50 проценти на продуктивноста и производството на кафе во светот, што не е добра вест“ – изјавува Моли Харис Олсон, главниот извршен директор на Пазарната трговија во Австралија и Нов Зеланд.

Како дополнување на 50 процентното намалување во производството, дивото кафе – кое е важен генетски извор за фармерите на кафе – може сосема да исчезне – се истакнува во извештајот.

Во т.н. „појас на зрна“ кој ги вклучува земјите како Колумбија, Бразил, Етиопија и Виетнам – температурите веќе се покачиле за 1,3 степени Целзиусови. И во Танзанија, каде што 2,4 милиони луѓе работат во индустријата за кафе, приносите веќе опаднале за скоро 50 проценти од 1960-тата година.

Еден од најголеми проблеми е всушност тоа што едното од двете главни сорти на кафе – Арабика („Coffea Arabica“) што сочинува 70 проценти од глобалната залиха, е неверојатно чувствително на топлина. На температури повисоки од 23 степени Целзиусови, растението го забрзува својот раст и плод, со што се оштетува квалитетот на зрното – ни објаснува извештајот.

Сепак температурата не е единствениот проблем.

„Не е виновна само топлината, таа е само еден голем фактор. Сведоци сме и на зголемувањето на дополнителни болести како што е „кафе-’рѓата’ и штетниците како што е „coffee berry borer“ – бубачка која веќе и предизвикува на индустријата со кафе загуба од стотици милиони долари годишно“ – изјавува Џон Конор, извештен директор за Климатскиот Институт.

За потрошувачите на 2,25 милијарди шолји кафе што се пијат секој ден, главното влијание ќе биде постојаното зголемување на цената на кафето бидејќи ќе биде потешко да се расте. Но за работниците во земјите од „појасот на зрна“ резулататот би можел да биде многу потежок бидејќи може да го загубат покривот над глава и приходите.

coffee

„Не постои компанија на Земјата што е доволно голема за сама да се справи со предизвикот од климатските промени“ – изјавува Даг Велш, потпретседател на Групата за истражување на кафето во светот.

Оваа група е основана од меѓународни компании за кафе во обид да се искористи науката за да се спасат растенијата, и во моментов финансира голем број на проекти за да се спаси кафето,како што е и создавањето на банка за гени за да се зачува генетската разновидност на кафето Арабика.Тие се исто така и во потрага за идентификација на растенија на кафе кои се отпорни на штетниците, со надеж да одгледуваат нови сорти кои се вкусни за нас, а немаат добар вкус за бубачките.

Да се надеваме дека можноста за будење секое утро без шолја кафе ќе биде доволен мотив за светот сериозно да се посвети на ова прашање.

Поддржете ја нашата работа: