Повеќето од нас имаат некаков порок или некаква навика, без разлика дали се работи за цигари или кафе. Но, како да знаеме кога нашиот порок, или навика, станува зависност?
Според едно истражување, постои тенка линија помеѓу навиката и зависноста заснована на фактори како времето кое се троши на таа активност, хемиската реакција во мозокот и појавата на симптоми на одвикнување.
Секоја навика, од вежбањето до јадењето на одреден вид на храна, започнува со нешто што е познато како „јамка на навиката“ (анг. habit loop). Ова започнува со одредена активност која води до навиката, која тогаш неизбежно предизвикува сензација на награда во мозокот.
Според „Journey Pure River“, просечното време кое е потребно за една навика да се задржи и да стане дел од вашата рутина е 66 дена, но не сите навики водат до зависност!
Некои навики, како на пример конзумирањето на пијалок после работа, може да влијаат на мозокот и да ја направат истата активност помалку пријатна. Како резултат на тоа, потребно ни е повеќе за да ја добиеме истата пријатна сензација, па малата чаша вино постепено ќе ја замениме со голема.
Зависноста, од друга страна, настанува кога повеќе не сте во можност правилно да функционирате без таа активност или супстанца. За жал, многу зависници продолжуваат да се впуштаат во своите зависности се додека тие не предизвикаат физички, социјален или финансиски проблем во нивниот живот.
Ако почувствувате дека вашата навика преминува во зависност, не губете надеж! Истражувањата покажуваат дека се потребни 21 ден за да ја пробиете навиката, односно за да се одвикнете.
Во зависност од причината поради која одредена активност или супстанца воопшто станала навика, на невропептидните врски во мозокот кои ја засилуваат навиката, може да им биде потребно и подолго време за да се раскинат. Кај посилните зависности, како на пример кај дрогата, може да биде потребно најпрво да се идентификува основната причина за користење на дрогата, па потоа со рехабилитација да се се раскинат врските во мозокот и да се прекине зависноста.