Научниците открија докази дека нашиот мозок е поактивен во текот на летото и дека потоплите месеци ја зголемуваат невролошката активност која е потребна за време на обрнувањето внимание и мемориските тесотови.
Оваа сезонска разлика во начинот на кој мозокот функционира била очигледна, и покрај тоа што учесниците со денови биле подложени на затемнети услови, пред да бидат тестирани за распонот на внимание, како и работната меморија која се однесува на количината на информации што мозокот може да ја зачува и процесира за краток временски период.
Во истражувањето учествувале само 28 лица и со помош на магнетна резонанца била тестирана нивната активност на мозокот.
На научниците веќе им е познато дека сезоните влијаат на нашето расположение, но ова е прв доказ дека промената на мозочната активност има некаква врска со тоа. Ова всушност е првото истражување за тоа како сезоните влијаат на когнитивните функции и обезбедува докази дека навистина постои таква поврзаност.
Но, со оглед на фактот дека на тоа може да влијаат многу фактори кои сезонски се менуваат (како на пример должината на денот, температурата, влажноста на воздухот, социјалната интеракција и физичката активност), а тие не биле контролирани во истражувањето, како и фактот дека многу малку лица се вклучени во истото, со сигурност ќе бидат потребни дополнителни истражувања.