Кои се најсреќните земји на светот?

Секоја година, Светскиот индекс за среќа прави истражување во кое анкетира многу луѓе од различни земји во светот, со цел да одреди, како што сугерира и самиот назив, во која земја жителите се најсреќни. Овогодинешниот победник е Данска, а веднаш по неа следат Швајцарија, Исланд и Норвешка.

Како се формира оваа листа?

Како што е објаснето на веб страната на Индексот, процесот е прилично едноставен. „Рангирањето се базира на одговорите на главното прашање за евалуација на животот кое е поставено во анкетата. Накратко, истражувачите  директно ги прашуваат испитаниците да го рангират нивото на сопствената среќа на скала од 0 до 10. Нула означува најниско ниво на среќа, а 10 највисоко. На овие одговори потоа се додаваат шест други фактори: нивото на БДП, животниот век, великодушноста, социјалната помош, слободата и корупцијата.

Потоа, резултатите се споредуваат со Дистопија –имагинарна земја што ја креирале истражувачите каде што сите се несреќни. Ова фиктивно несреќно место им помага на земјите да останат позитивни по однос на шесте, погоре наведени фактори. Со други зборови, Дистопија е репер кој го надминува секоја земја за да има подобар графикон.

Една од работите за кои може да му се замери на ова рангирање е бројот на испитаници кои учествуваат во анкетата. Тоа се 2000 до 3000 лица од секоја земја, што не е многу во однос на вкупната популација.

Сепак, според истражувачите „Примерок од 2000 до 3000 лица е доволен да се добие прилично добра проценка на национално ниво“

happiness-rankingsЗаедно со Данска, Швајцарија (која беше прва на листата минатата година), Исланд и Норвешка, листата од првите десет ја сочинуваат уште и Финска, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Австралија и Шведска. САД се на 13-то место, Германија на 16-то, а Велика Британија на 23-то место.

Македонија се наоѓа на 95-то место.

Последни на листата се: Авганистан на 154 –то место, потоа следат Того и Сирија, а на последното 157 место се наоѓа Бурунди.

За што служи оваа листа (освен за фалење)?

Истражувачите веруваат дека ова им помага на земјите да одредат колку се подготвени за спроведување на целите на ОН за одржлив развој, кој офаќа искоренување на сиромаштијата и гладот, подобрување на здравствената заштита и квалитетот на  едукацијата, остварување на родова еднаквост, како и многу други хуманитрни цели кои ќе му користат на светот.

Целосниот извештај може да го погледнете тука.

Поддржете ја нашата работа: