Кој бил Гај Фокс, човекот чија маска денес е симбол на глобалните протести?

Маската “Анонимус” денес еден од најпознатите симболи на протестите, но дали знаете нешто за нејзиното изворно потекло?

Маската “Aнонимус” денес претставува еден од најпознатите симболи на бунтот и отпорот против системот, како и против неправедниот режим, а приказната за Гај Фокс кој стои позади истата маска е всушност приказна за неправдата која на почетокот на 16 век, католиците во Велика Британија претрпеле од страна на протестанското мнозинство.

Guy Fawkes- English conspirator and gunpowder plotter.

Имено, во тоа време било опишано, да се биде католик е еднакво како да се биде крадец или разбојник, а семејствата кои не сакале да ја променат верата, често биле прогонувани, па во куќите имале скриени засолништва во случај на рација.

Во таква средина растел Гај Фокс, младо момче од Јоркшир кој откако неговата мајка се премажила за католик и самиот решил да ја прими таа вера. Подоцна се приклучил на војската на која и служел со години, а во периодот од 1595 до 1598 година учествувал воосумдесетгодишната војна на страната на католичка Шпанија против Холандската република, каде стекнал повеќе чинови и научил да ракува со експлозив.

На почетокот на 1604 година, Фокс започнал да се состанува со мала група на англиски католици на чело со Роберт Кејтсби. Сите од групата сметале дека прогонот на католиците потекнува од страна на протестантскиот крал Џејмс, и дека се ќе се реши само со негова смрт. Кејтсби почнал да смислува заговор откако избледила надежта за обезбедување на поголема верска толеранција под кралот Џејмс, што разочарало многу англиски католици.

Principal accuseds of the Gunpowder plot. London, 1605.

Негови соученици во заговорот биле: Џон Рајт, Томас Винтоур, Томас Перси, Гај Фокс, Роберт Киз, Томас Бејтс, Роберт Винтоур, Кристофер Рајт, Џон Грант, Емброуз Руквуд, сер Евердар Дигби и Френсис Трешам. На Фокс, кој имал 10 години воено искуство му е дадена одговорноста за експлозивот.

Првиот нивен состанок е одржан на 20 мај 1604 година во една гостилница во Лондон. Еден од учесниците предложил да го убијат кралот и неговата власт, така што ќе ја дигнат во воздух куќата на парламентот со барут.

Гај Фокс и неговите соработници во подземните ходници на британскиот парламент сокриле значителна количина барут и чекале прав момент да предизвикаат експлозија кога кралот ќе го посети парламентот. Овој настан е познат како „Барутна завера“.

Меѓутоа, заверата им е откриена на властите во анонимно писмо упатено до Вилијам Паркер, 4 барон на Монтигло, на 26 октомври 1605 година. Повеќето од заверниците по ова избегале од Лондон, но имало и такви кои се обиделе да пружат отпор. Во една пресметка е убиен и Кејтсби. Осум фатени, вклучувајќи го и Фокс, се прогласени за виновни и осудени на смрт. Убиството требало да биде изведено на ужасен начин со бесење и сечење на телото на четири дела.

Gunpowder Plot, Guy Fawkes interrogated by King James I and his council in the King’s bedchamber at Whitehall, London

Приказната вели дека Фокс успеал да скокне од јажето и да си го скрши вратот така што не им дозволил на киднаперите да го убијат на толку свиреп начин. Сепак, телото му е расечено и испратено во разни делови на кралството како опомена за другите.

Денес Гај Фокс е симбол на отпорот против властите. Неговиот лик се прикажува како позната „Anonimus” маска во борба против интернет цензурата.

До тоа дошло благодарение на стрип-писателот Ален Мур, кој во осумдесеттите години од минатиот век го објави романот “V for Vendetta” приказна за иднината во која Британија е под тоталитарно владеење. Во момент на креативноста, дошол до идеја шпиунскиот дизајн на маскиран протагонист да го смести во маската и костимот на Гај Фокс.

Прочуениот стрип е екранизиран во 2005 година како акционен филм, а маската особено им се допаднала на младите интернет активисти собрани во движењето Анонимус кои се залагаат за слобода на говорот и борбата против цензурата.

Поддржете ја нашата работа: