Откриено е дека еврејскиот лекар со италијанско потекло може да биде автор на Војничевиот ракопис, книгата која до сега никој не успеал да ја преведе. Имено, Војничевиот ракопис е 600 години стара илустрирана книга, од непознат автор, напишана на непознато писмо.
Повеќе од 100 години ги измачува научниците, бидејќи никој не може да ја дешифрира. Ракописот инаку го добил името по Вилфрид Војнич од Полска, човекот кој го пронашол во 1912та година во вилата Мондрагоне во Рим, која во тоа време била езуитско училиште.
Некое време се шпекулираше дека Војнич самиот ја напишал таа книга и ја подметнал како мистериозно дело, но таквите сомнежи се отфрлени откако со анализа е утврдено дека пергаментите и мастилото датираат од времето помеѓу 1404та и 1438ма година.
Стефан Скинер, експерт кој е специјализиран за ракописи од 15ти и 16ти век, сега открива дека најверојатно станува збор за еврејски лекар од областа на северна Италија. Скинер ги проучувал цртежите од книгата за кои смета дака обезбедуваат информации за потеклото на авторот на овој ракопис.
Скинер, илустрацијата на која се прикажани голи жени во зелен базен, во кој водата ја носат цевки, ја поврзал со миква (еврејски базен за ритуално миење). Имено капењето на голи жени без мажи, во тоа време можело да се види само во Европа и во микви. Се смета дека тој цртеж е всушност приказ на авторскиот иновативен изум за ефикасно снабдување на миквите со чиста вода.
“Мислам дека не постои друго објаснување за тоа: или ова е фантазија на авторот која не се вклопува во медицински, ботанички и астролошки делови или се микви”, објаснува Скинер. Препознаени се и помалку христијански симболи користени во книгата, што е необично за времето во кое е напишана книгата.
Во книгата се прикажани многу астролошки карти, но и растенија од кои поголемиот дел, денес се користат за медицински цели. Скинер смета дека сето ова упатува на фактот дека авторот бил еврејски лекар и ботаничар. Научникот, проучувајќи ги цртежите на кои се претставени замоци и дворови со специвични ѕидови, го открива и можното географско потекло на авторот.
Се верува дека станува збор за Gibelin ѕидовите од 15ти век (Италијанска политичка фракција од тоа време) кои се карактеристични само за дворците од северна Италија.
Скинер се надева дека копиите од оваа книга, кога наскоро ќе се најдат на полиците во книжарниците, книгата ќе биде дешифрирана. Се надева дека секој од научниците и експертите кој ќе ја земе во раце, можеби ќе препознае по некој дел од својата област со која се занимава, и така ќе помогне во решавање во оваа голема мистерија.