Кој го контролира протокот на крв во мозокот?

СПОДЕЛИ

Сепак, што е тоа што го контролира зголемувањето и намалувањето на протокот на крв, веќе долго време е предмет на дебата.

Научниците од Универзитетот Јеил го презентираа досега најсилниот доказ дека мазните мускулни клетки кои влегуваат во составот на крвните садови во мозокот, се единствените клетки кои можат, со својата контракција, да го регулираат дијаметарот на крвните садови, а со тоа и протокот на крв.

Мазните мускулни клетки се наоѓаат во подебелите крвни садови, додека капиларите се обложени со еден мистериозен тип на клетки наречени перицити. Перицитите не се мускулни клетки или неврони, но се наоѓаат во мозокот во голем број и се смета дека играат улога во формирањето на крвните садови.

Досегашните истражувања сугерираа дека перицитите можат да се контрахираат и да го контролираат протокот на крв во помалите крвни садови, но новото истражување го покажува спротивното.

„Нашите наоди покажуваат дека кога активноста на невроните се зголемува (или за време на нормалната мозочна активнос , или за време на други случувања како што е мигрената), реагираат малите крвни садови кои се обложени со мазни мускулни клетки, но  не и тие кои се обложени со перицити“- велат научниците од Универзитетот Јеил.

Тие ги направиле овие набљудувања на глувци со помош на нови лабораториски алатки, кои им овозможиле активирање на поединечни клетки. Со овие алатки тие успеале да ја одредат локациајта и да ги идентификуваат клетките кои за да се контрахираат го користат дејството на протеинот наречен „актин“. Вакво нешто не било забележано кај перицитите.

Ако капиларите не го регулираат протокот на крв, тогаш прашањето е како поединечните неврони околу капиларите го добиваат потребното количество на крв за својата активност?

„Наодите ја поддржуваат идејата дека за контролата на протокот е потребен одреден праг на кумулативна невронска активност во едно подрачје, за да се поттикне ширењето на крвните садови, што потоа ќе го зголеми протокот и во помалите крвни садови, капиларите“- велат научниците.

Тие нагласуваат дека, ако крвните садови функционираат на овој начин, тоа би можело да даде нов увид за феноменот кој се случува после мозочен удар, каде не се воспоставува повторна циркулација во подрачјето, дури и после отстранување на згрутчувањето на крвта или некоја друга блокада кој го предизвикала мозочниот удар. Можната причина би била абнормалнто стегање на мазната мускулатура на крвните садови, која резултира со постојана блокада во подолните крвни садови, преку формирање на нови згрутчувања или преку други механизми.

Научниците планираат да истражат терапевтски интервенции кои ќе им помогнат на крвните садови со мазната мускулатура сами да се шират после мозочниот удар, и се надеваат дека тоа ќе придонесе да се намалат оштетувањата.

Наодите од ова истражување се објавени во списанието „Neuron“.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------