Во следниов текст не само што ќе докажеме дека е многу лесно изводливо намалување на загаденоста на воздухот за најмалку 50% туку и математички ќе докажеме дека притоа ќе заштедиме ние ѓраѓаните неколку десетици милиони евра годишно , додека државата ќе заштеди можеби двојно повеќе.
Повеќето студии покажуваат дека најголемиот фактор врз драстично зголемување на концентрациите на ПМ10 и ПМ 2.5 во нашите па и во поголемите светски градови сместени во котлини е пред се поради согорување на огревно дрво како примарен извор како и поради согорување на други фосилни горива како секундарен извор.
Решението е едноставно и не бара некои значајни средства за реализација и истото е стандардно законско решение во сите нормални држави каде што системот, законите и државните институции се базирани и функционираат исклучиво преку научно докажани модели кои што скоро секојдневно се надградуваат следејќи го во чекор самиот развој на науката и технологијата.
Ќе почнеме со приказ на законската регулатива во Австралија земја во која градовите немаат реален проблем со загадување на воздухот и каде најзагадените градови имаат максимален годишен просек на ПМ10 под 20 ug/m3 и ПМ 2.5 под 10 ug/m3. ( Нашите градови се најмалку 5 пати позагадени )
Како што можете да видите предвидени се казни од 5000 долари за компаниите кои ќе продадат огревно дрво кое содржи процент на влага поголем од 20%.
Исто така може да се види дека е строго забрането и продажба на било какви дрва како огревни, а истите содржат или биле третирани со премази, бои , лепаци , пластика или било каков метал
Во продолжение ќе објасниме како продажбата на влажни ( сурови ) дрва не само што придонесуваат за енормното зголемување на загадувањето туку како и со продажбата на суровите и недоволно сувите дрва се прави и непотребен трошок кој државата и директно самите граѓани ги чини десетици милиони евра годишно.
Греење со суви настпроти греење со сурови дрва
Постојат огромен број на експерименти и тестови вршени во реномирани светски универзитети и институции каде што и физички и математички е утврдена разликата во ослободување на топлотната енергија ( внатре во просторијата ) при согорување на дрва со различен процент на влажност.
Од горните слики меѓудругото можеме да заклучиме дека:
1.Влажните дрва ослободуваат значително помалку топлинска енергија од сувите дрва и истите дополнително ја намалуваат и ефикасноста на самите печки, котли, ќумбиња…
2. Употребата на сурови дрва наспроти суви дрва е енергетски неефикасно
3. Домаќинствата што употребуваат сурови дрва мораат да набават најмалку двојно повеќе за да подеднакво го загреат својот дом
Дополнителнo загадување при согорување сурови дрва
Во предходниот текст докажавме дека доколку би се користеле само суви дрва загадувањето двојно би се намалило пред се поради фактот дека двојно помалку дрво ќе потрошиме за загревање на истиот простор.
Меѓутоа најголемото загадување што го предизвикува согорувањето на влажни дрва е согорување на недоволно високи температури.
Огнот што гори светло без видлив чад е знак за добро согорување, драстично зголемениот чад низ оџакот е знак за лошо и некомплетно согорување
Намалена топлиска енергија што ја поседува влажното дрво доведува до намалување и на самите температури во самото огниште , намалените температури предизвикуваат да се намали согорливоста на одредени гасови и честички ( пример јаглеродот моноксид ) .
Тоа значи дека кога се согорува дрвото на пониски температури тоа едноставно некомплетно согорува и при тој процес исфрла огромна количина на честички и штетни гасови изразено визуелно преку чурење т.е. зголемено количество на чад низ оџакот кој е карактеристичен густ и темен.
Додека кога дрвото согорува на многу повисоки температури согорувањето е покомплетно и при тоа се ослободува многу помало загадување а многу поголема енергија во домот, затоа што отровните гасови како јаглерод моноксидот согоруваат ослободувајќи притоа дополнителна топлинска енергија и истовремено трансформирајќи се во неопасен јаглероден диоксид.
Проста математика
Според некои официјални податоци во Македонија се продаваат околу 800.000 метри кубни огревно дрво од кој поголемиот дел се сурови дрва со процент на влага од преку 60%
Бидејќи поголемиот дел од домаќинствата кои користат огревно дрво не се во финансиска состојба да ги набават дрвата во пролет тие најчесто ги набавуваат во есен или во зима при што ако се додаде и фактот за немање на доволен простор за складирање и сушење на дрвото пред се во градските средини можеме со сигурност да тврдиме дека :
поголемиот дел од граѓаните кои користат огревно дрво во градските средини користат сурови дрва
Доколку се донесе законот за забрана на продажба на сурови дрва автоматски ѓраѓаните ќе почнат да користат само суви огревни дрва со што потрошувачката на дрвата поради самата енергетска ефикасност ќе се намали од 800.000 м3 на помалку од 500.000м3 со што загадувањето на воздухот во градските средини само поради овој факт ќе се намали двојно а доколку на ова се додаде и дополнително загадување што го предизвикува самото согорување на влажното огревно дрво од предходниот наслов со сигурност можеме да тврдиме дека :
може да се очекуваат 2-3 пати помали стапки на загадување на воздухот со ПМ честички.
Кој добива а кој губи од загадениот воздух ?
Губитници | Добитници | ||||||||
??????????????????????? | Македонски граѓани, деца и хронично болни | ||||||||
Македонски шуми 20 милиони евра | Македонски граѓани 20 милиони евра | ||||||||
Приватни здравство – намален број на пациенти | Јавно здравство – намален број на пациенти | ||||||||
Фармацевстка индустрија – намалена продажба | Фонд за здравство – намалена употреба на лекови | ||||||||
Трговци на филтри , маски и сл. опрема | Македонски компании и работници | ||||||||
Автомобилска индустрија – нови модерни возила | Зголемена продуктивност | ||||||||
Трговци на пелети и шпорети на пелети | Помал број на боледувања и отсуства |
Листата секако не е комплетна и се надеваме дека ќе ја дополниме низ дискусија.
Автор: Влатко Стефаноски
Текстот може слободно да се копира,споделува и реобјавува