Која дрога предизвикува најголема зависност?

Начинот на којшто една дрога се класифицира како опасна, зависна или релативно бенигна се базира на сложениот пресек помеѓу хемиските и општествените норми. На пример, ЛСД (попозната како киселина) често се гледа како дрога само за учесниците на контракултурата, додека алкохолот е дел од многу интеракции помеѓу возрасните. Сепак, алкохолот е директно одговорен за повеќе од 2.200 смртни случаи секоја година во САД, додека ЛСД-то никогаш не е именувано како директна причина за смрт. Па зошто нашата навика за пиење не се нарекува „алкохолна епидемија?“

Општеството често смета дека дрогата како што е ЛСД, хероин, метамфетамин и кокаин е нешто што „другите“ луѓе го користат и дека е поголема закана за општеството отколку алкохолот. Јавноста се држи до ова верување – бидејќи во голем дел оваа дрога е нелегална. Тие исто така се многу ретко клинички истражувани, а и кога се, научниците често имаат различни ставови за тоа што прави една дрога да биде зависна или штетна. Па која дрога навистина е толку опасна како што изгледа и кои супстанции се лажно прифатени, а се всушност доста деструктивни?

 

 

 

 

 

 

 

Како се мери зависноста?

Heroin addictОдредувањето на потенцијалот на зависност на една дрога може да биде исто толку комплицирано како и проценката дали некое лице е зависно од дрога. Тоа е така бидејќи не е секогаш очигледно кога едно лице првпат станува зависно од некоја супстанција. Нивната дијагноза може да се појави по раскинувањето на врска, финансиска криза или некој трагичен настан, што им ги отвара очите за тоа како употребата на една супстанција влијаела врз нив. Предвидувањето на тоа како една дрога влијае на ризикот од зависност кај луѓето се базира на повеќе различни фактори: Колкаво влијание има дрогата на центарот за задоволство во мозокот, тежината на симптомите за одвикнување, како и достапноста и цената на дрогата.

Не постои единствен фактор што укажува на целокупниот потенцијал за опасност на дрогата, туку комбинација од повеќе фактори. Некои истражувачи ставаат поголема тежина на хемиските ефекти, тврдејќи дека дрогата која интензивно го активира системот за допамин во мозокот предизвикува поголема зависност од другите супстанции. Постојаното стимулирање на системот за допамин може да ја намали чувствителноста поради што корисниците земаат се поголема доза секој нареден пат. Други пак, велат дека вината е во навиката и однесувањето, и тврдат дека вистинскиот начин за третирање на зависноста е да се сменат чувствата на пациентот, неговите врски и односи.

Со оглед на различните мислења, професорот Дејвид Нат, психијатар и директор на невропсихофармакологијата во Одделението за науки за мозокот на Кралскиот колеџ во Лондон одлучил да побара од неколку експерти за зависности да ги рангираат дрогите кои сметаат дека се најзависни. Според нивните колективни повратни информации, првите три кои предизвикуваат најголема зависност се следниве:

1. Хероин

heroinСтравовите за зголемување на зависноста од хероин се добро основани. Опиоидот го зголемува нивото на допамин во мозокот до 200 проценти кај експерименталните животни,

има евтина улична цена и предизвукува брутални симптоми на одвикнување – како што е болка во коските. Повеќе од 8.200 луѓе починале од предозирање со херион во 2013 г, а употребата на хероин се зголемила и повеќе од двојно кај луѓето од 18 до 24 годишна возраст во последната деценија.

Хероинот не само што предизвикува зависност во голема мера, туку е и една од најопасните дроги со размер на ефикасност 1:5 на смртоносна доза. Со други зборови, потребна е само една доза 5 пати поголема од онаа што е потребна за да се „издрогирате“ за да предизвика смрт. За споредба, кокаинот има размер од 1:10, додека марихуаната и ЛСД-то од околу 1:1000.

2. Алкохол

alcoholКако легален во повеќето земји, алкохолот може да биде многу опасен во однос на зависноста. Широко е прифатен како начин за опуштање и прекумерното пиење е честа појава во најголемиот број на студентски домови. Истражувачите откриваат дека оваа супстанција е способна да го зголеми нивото на допамин во мозокот од 40 – 360 проценти. И колку што била поголема количината на алкохол кај експерименталните животни, овој процент се зголемувал.

Прекумерната употреба на алкохол придонесува за 88.000 смртни случаи во САД, и речиси 23 проценти од оние што употребуваат алкохол ќе станат зависни во одреден момент од својот живот. Неколку експерти го рангираат алкохолот како најштетната дрога во општеството, врз основа на штетата и на корисниците и на тие околу нив.

3. Кокаин

cocainЕфектите од „Дрогата на богатите“ како што е понекогаш прикажана на филмовите, се се’ друго освен гламурозни. Кокаинот во прав, заедно со крекот, директно влијаат на патиштата за допамин во мозокот, со што е невозможно мозокот да ги запре сигналите за допамин. Ова резултира со „абнормална активација на регионот за награда во мозокот“ – изјавува Ерик Бауман, предавач по психологија и неврологија на универзитетот во Сент Ендрјуз.

Во 2009 г. пазарот на кокаин имал вредност од 75 милијарди долари и опфаќал околу 14 до 20 милиони на луѓе ширум светот. Слично како и со алкохолот, околу 21 процент на луѓе кои имаат пробано кокаин ќе завршат како зависници во одреден момент од својот живот. Иако кокаинот е фактор во многу смртни случаи, директното предозирање е прашање на ескалација – Центарот за контрола и превенција на болести пријавил зголемување од 12 проценти во однос на смртните случаи од предозирање со кокаин од 2012-та до 2013-та година.

Поддржете ја нашата работа: