Колку длабоко под површината на Земјата може да има вода?

Водата може да лежи многу подлабоко под површината на Земјата отколку што сметавме досега, а тоа може да ни каже многу повеќе за уникатниот состав на нашата планета и идната еволуција.

Научниците предводеле сложени стимулации за минерален бруцид, кој е дел обвивката на Земјата и заклучиле дека водата може да се задржи и под висок пристисок до 595 километри под површината – што е многу подлабоко од претходните проценки.

Знаејќи колку вода лежи под земјата може да им помогне на научниците да дознаат повеќе за потеклото на Земјата и да помогне во објаснувањата за динамичната геолошка активност, како што се вулканите. Исто така, може да ни даде престава и за тоа колку време можеби би и требало на планетата да се исуши.

„Ова ја отвара Пандорината кутија за нас. Не мислевме дека водата може да се складира од страна на минерали на оваа длабочина, па сега треба да откриеме колку многу вода може ефикасно да се складира во нив“- вели геологот Меинак Мекерџи од Државниот институт на Флорида, кој е дел од тимот.

Секоја година, милијарда тони на вода се вовлекуваат под земјата преку процесот на субдукција, кога една тектонска плоча се придвижува на врвот на друга. Ова е исто толку важен дел од  кружното движење на водата како што се врнежите и испарувањето.

Научниците имаат сознание дека овие минерали кои ја пренесуваат водата не се стабилни доволно длабоко под земјата. Откако ќе почнат да се распаѓаат водата се ослободува и се враќа на површината преку вулканската активност.

subduction1

Прашањето е, во кој момент тие почнуваат да се распаѓаат и да ја ослободуваат својата течност?

Претходните истражувања сугерираат дека водата се ослободува на длабочина од 300 километри, врз основа на проценката на топлина и притисок, иако ова може да варира во различни области од обвивката.

Новите пресметки одат подалеку, но со тоа што знаеме дека бруцидот може да ја носи водата под интензивен притисок се’ уште немаме претстава колку вода всушност се носи надолу на таа длабочина – и тоа е следниот чекор во истражувањето.

Доколку има толку огромна количина на вода, тоа би можело да го објасни фактот зошто толку голем дел од површината на Земјата е составен од вода, заменувајќи ја хипотезата дека водата настанала од ледените астероиди.

„За активноста на планетата, водата длабоко во Земјата е подеднакво важна како и водата на површината. Мојата цел е да разберам колку вода се складира длабоко во Земјата. Доколку планетата стане сува одвнатре, таа полека умира бидејќи геодинамичките активности во рамките на планетата престануваат“ – вели Мекерџи.

Наодите се објавени во „PNAS“.

Поддржете ја нашата работа: