Колку долго може да издржи телото без главата?

Колку и да звучи лудо и морничаво, со векови се вртат приказни дека луѓе преживеале декапитација, дека главата после отсекувањето реагира и дека дури и се обидува да зборува. Особено застрашувачка е приказната на д-р. Габриел Борио, кој во 1905 година го проучувал обезглавувањето. На осуденик на смрт, му била отсечена главата со гилотина и била оставена да падне во кошница. Во тој момент лицето почнало да се грчи. Кога Борио го изговорил името на мртвиот човек, очите од отсечената глава се свртеле кон него и го погледнале, на начин „како што прави човек кога ќе се разбуди од дневна дремка“. Постојат и некои современи научни докази дека погледот на мртов човек може донекаде да биде свесна реакција.

Во 2011 година, холандски нучници приклучиле електроенцефалограф (ЕЕГ) на главите на глувци пред да им ги отсечат. Кога ги измериле мозочните активности после декапитацијата, зачудувачки, резултатите покажувале активности на фреквенциите од свесните нивоа, речиси четири секунди. Слични истражувања направени на помали животни покажале дека мозочните активности може да траат и подолго, откако главата ќе биде отсечена од телото.

Кога на човек ќе му се отсече главата, се прекинува ‘рбетниот мозок и ниеден човек не може да преживее таква декапитација … освен ако не се подложи на комплетна трансплантација на главата. Контроверзниот д-р. Серџо Канаверо од Универзитетот во Торино, Италија, ја предложи идејата за трансплантација на глава кај пациенти со дегенерација на мускулите и нервите, каде здравиот мозок би се споил со исто така здраво друго тело (енаука.мк).

Процедурата што тој ја предлага, се базира на една исклучително комплексна техника. Техниката е многу контроверзна и предизвикува загриженост помеѓу експертите, а најмногу тоа што медицинската наука сѐ уште не е во можност да прицврсти глава на пресечен ‘рбетен мозок.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt