Колку е безбедна храната што ја јадеме?

Ова се наведува во извештајот на СЗО, која денешниот светски ден на здравјето го посветува за истакнување на предизвиците и можностите поврзани со безбедноста на храната, под слоганот „ Од фарма до чинија, нека биде безбедна храната“.

„Производството на храна е се повеќе индустријализирано, а трговијата и дистрибуцијата глобализирани”, вели генералниот директор на СЗО, д-р Маргарет Чан”. Овие промени отвораат нови можности за храната да се контаминира со штетните бактерии, вируси, паразити, или хемикалии”.

Д-р Чан додава: „Еден локален проблем со безбедноста на храната брзо може да стане меѓународна вонредна состојба. Истражувањето на појавата на болестите предизвикани од храна е многу покомплицирано кога една чинија и пакување на храна содржи состојки од повеќе земји”.

Небезбедната храна може да предизвика повеќе од 200 болести – од дијареа до рак. Примери на небезбедна храна вклучуваат полу-готвена храна од животинско потекло, овошје и зеленчук контаминирани со измет, школки кои содржат морски биотоксини.

Видео : 5 Клучни работи за безбедна храна (анг.)

Денес, СЗО објави дел од наодите од лонгитудиналната анализа за состојбата со храната. Целосните резултатити се очекува да бидат објавени во октомври 2015 година.

Иницијалните наоди поврзани со цревни инфекции предизвикани од вируси, бактерии и протозои кои влегуваат во телото преку ингестија на контаминирана храна покажуваат дека:

Проценети се околу 582 милиони случаи на 22 различни цревни заболувања поврзани со храна и 351 000 смртни случаи.
Причинители на повеќето смртни случаи биле „Salmonella typhi“ (52 000 смртни случаи), „enteropathogenic E. coli„ (37 000) и „Норовирус“ (35 000).

-Најпогоден е африканскиот регион, проследен од Југоисточна Азија,

-Повеќе од 40% од жртвите на цревни болести предизвикани од загадена храна се деца на возраст под 5 години,

-Небезбедната храна, исто така, претставува огромен економски ризик, особено во глобализираниот свет. Појавата на „E. Coli“  во 2011 година во Германија предизвика милионски загуби,

-Напорите за спречување на ваквите вонредни состојби, може да се зајакнат со строги меѓународни системи за безбедноста на храната.

-Потрошувачот како последна алка во синџирот за снабдување игра важна улога во промовирање на безбедноста на храната, почнувајќи од соодветна хигиена на храната, учење како се приготвува специфична храна, читање на етикетите. СЗО изготви прирачник со основните принципи кои секој поединец треба да ги знае за да се спречат болестите.

Безбедноста на храната е проблем кој бара колективна одговорност и учество.

 

Поддржете ја нашата работа: