Колку е длабок океанот?

Кога зборуваме за работи кои се неизмерливо големи, најпрво помислуваме на универзумот. Но, сепак имаме нешто толку големо на нашата планета , а тоа се океаните. Тие зафаќаат 95 проценти од просторот за живеење на планетата, и во нив може да се сокријат 20 статуи на Вашингтон наредени една над друга.

Во видеото подолу истражуваме што точно значи да се има нешто што е длабоко 11км (или 7 милји).

Започнуваме со малите работи, со луѓето, слоновите и најголемите бродови некогаш изградени, и доаѓаме само до 100 метри под површината, каде што и нуркањето може да е смртоносно доколку немаме познавање.

Значи, во водната површина од 11 км, ние луѓето можеме да ги доживееме само првите 100-тина метри. Сепак постојат исклучоци, како што е Херберт Нич, кој стигнал до 214 метри надолу во еден здив.

Максималната длабочина за нуркање на сините китови е 500 метри. Доколку сметате дека ова е импресивно, замислете дека нешто мало како што се пингвините може да достигне дури и 535 метри во длабочина.

Доколку одиме уште 1.000 метри подолу, ќе стигнеме до она што во видеото се нарекува „страшна зона“. Зошто? Бидејќи во следните 10 км е толку темно, и притисокот е толку интензивен, што е исто како да застанеме на површината на Венера и инстантно да умреме.

Во  таа „страшна зона“ живеат  гигантските сипи. Но, и тоа не е толку импресивно бидејќи водните желки од видот „Dermochelys coriacea“ може да нурнат и до 1.280 метри.

Доколку дојдеме до 2.000 метри подолу животот станува малку чуден. Исто така, постојат и епски битки помеѓу китовите и огромните сипи, кои може да пораснат до 14 метри во должина и 750 кг во тежина.

Продолжуваме до 4.267 метри што е просечната длабочина на океанот на Земјата. А помислете дека се’ уште ни преостануваат 6.733 метри.

Погледнете го видеото кое ќе ви даде увид на овие неверојатни длабочини, а ние ќе кажеме само уште нешто: доколку го пуштиме Монт Еверест во најдлабокиот дел на океанот, тој нема да дојде ни блиску до дното.

Поддржете ја нашата работа: