Кога зборуваме за цените на тестовите за вирусот корона, без разлика во која земја живееме, генерално заклучокот е дека некои компании и владини службеници прават многу пари.
Можеби никој нема вистински доказ за некои криминални активности, но сепак непријатното чувство во вашиот стомак ви кажува дека нешто не е во ред. Кога разговараме за COVID-19 и опрема неопходна за да се запре ширењето: тестовите, маските и ракавици се клучните производи што се чини дека сите на планетата се обидуваат да ги добијат, а за секоја од нив чувството дека нешто не е во ред е присутно кај сите нас.
Направивме мала истрага со цел да откриеме колку навистина ги чини тестот владите, приватните здравствени лаборатории или институции и да видиме дали крајната цена што ја плаќаме е реална.
Бидејќи сите знаеме дека сега има многу различни тестови за корона вирусот и кога ќе ги соочите одговорните со прашања во врска со цената на тестот, тие велат дека квалитетот на тестот како и типот на тестот се клучните фактори што влијаат на цената.
Значи, да, постојат 2 главни групи на тестови за дијагностицирање на присуство на корона вирус.
Првите се „поевтини“ и побрзи варијанти и јавноста ги знае како брзи тестови, овие тестови проверуваат присуство на антитела против корона вирусот во нашиот организам.
Oвие тестови се базирани на фактот што кај секој човек кој ќе дојде во контакт со вирусот неговиот имунитет реагира и произведува антитела за борба со истиот, на тој начин детектирајќи го присуството на антителата индирекно детектираме и присуство на вирусот.
Проблемот со овие тестови е тоа што присуството на антитела ( иако има различни типови ) во организмот не покажува „доволно прецизно“ дали во моментот некој има активна инфекција што може да ја шири, но со сигурност покажува дека сте биле во контакт со корона вирусот ( сега или некогаш ) дури и кај луѓе што најчесто не се ни свесни.
Поради ова, здравствените установи користат втор вид тест што може да открие присуство на активен вирус во нашето тело што може да ја шири инфекцијата.
Овој тест се заснова на она што се нарекува „Polymerase chain reaction“, дијагностички метод препорачан од СЗО кој го засилува генетскиот код на вирусот за да може да се открие уште пред почетокот на симптомите.
Овие тестови се составени од две компоненти првата е онаа што го детектира вирусот а втората е синтетички дизајнирано делче од вирусот, кое машините во лабораториите го користат за да потврдат дека откриениот вирус е точно тој што го бараме.
Во нашата земја Република Македонија ги користиме тестовите за откривање на активниот вирус како златен стандард со цел нашите здравствени установи да можат со сигурност да потврдат дека некој е заразен со корона вирусот
Тестовите ги прави лабораториски техничар што зема примерок за слуз на пациентот – обично од грло или назален брис и истиот се проследува до две лаборатории едната државна едната приватна
Овој тест е во основа бесплатен за нашиот граѓанин, но нашиот фонд за здравствено осигурување ги исплаќа лабораториите околу 100 $ по тест, цена која доведе до зголемување на сомнежите во јавноста дека нешто не е во ред , и тоа веднаш откако приватна болница овозможи брзи тестови базирани на примерок од крв за само 25 $.
За да се одбрани цената на тестот, владините службеници ја бранеа цената со трошоци за вработените (вработените во нашиот здравствен систем примаат околу 400-600 $ месечно) и реагенси што се скапи и увезуваат.
За откривање на реалната цена на тестот со секој можен трошок земен во равенка е тешко, но и непотрбно, ова го велам затоа што не ни требаат прецизни информации и никој нема да прави проблем за 100-200 денари плус минус.
Треба само да знаеме колку е цената на клучниот елемент за правење на тестот, кој е од „увоз“ т.е. цената на комплетот за тестирање ( кит ) што ги содржи потребните 2 компоненти за реализација на тестот.
Во нашето истражување откриваме многу интересен текст објавен на 12 март од bloomberg.com со наслов: „A Berlin Biotech Company Got a Head Start on Coronavirus Tests“
Од текстот дознаваме дека китот за тестирање на 100 луѓе, произведен од реномирана германска компанија која е здружена со втората по големина фармацевтска компанија ширум светот Roche Holding AG чини само 180$ или 1.8$ по пациент
Ако ги додадеме на оваа цена трошоците за транспорт, складирање, вработените и другите реагенси, можеби и можеме да достигнеме 100 $ по пациент.
Што мислите?