Колку нуклеарно оружје поседува светот?

Иако можеби целиот свет е возбуден поради наводното успешно тестирање на Северна Кореја на хидрогенска бомба, тоа сепак е само капка во морето на нуклеарниот арсенал што го поседуваат другите земји.

Клучните наоди покажуваат дека:

1) сите земји коишто поседуваат нуклеарно оружје работат на развивање на нови или надградување на веќе постоечките системи за нуклеарно оружје;

2) бројот на персонал распореден во мировните мисии низ светот продолжува да опаѓа додека бројот на мировни мисии се зголемува.

Светски нуклеарни сили- продолжува намалувањето и модернизацијата

На почетокот на 2015г, девет држави – САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Демократска Народна Република Кореја (или Северна Кореја) – поседуваа приближно 15.850 нуклеарни оружја, од кои 4.300 беа распоредени со оперативните сили.

Околу 1.800 од овие оружја се чуваат на готовс во самите држави во случај на висока оперативна готовност.

Вкупниот број на нуклеарни боеви глави во светот е во опаѓање, главно поради тоа што САД и Русија продолжуваат да ги намалуваат своите нуклеарни арсенали, иако со побавно темпо во споредба со пред една деценија. Во исто време, двете држави имаат обемни и скапи долгорочни програми за модернизација кои се во тек, за нивните преостанати нуклеарни системи за испорака, боеви глави и производство.

Нуклеарните арсенали на другите држави се значително помали, но сите или развиваат или распоредуваат нови системи за нуклеарно оружје или ги најавиле своите намери да го направат тоа. Во случајот на Кина, ова може да вклучи и скромно зголемување на големината на својот нуклеарен арсенал. Индија и Пакистан ги прошируваат своите капацитети за производство на нуклеарно оружје и развиваат нов систем за испорака на проектили. Се чини дека Северна Кореја ја унапредува својата воена нуклеарна програма, но тешко е да се процени нејзиниот технички напредок.

„Меѓутоа, и покрај обновениот меѓународен интерес за давање предност на нуклеарното разоружување, програмите за модернизација кои се во тек во државите кои поседуваат нуклеарно оружје сугерираат дека ниту една од нив нема да се откаже од својот нуклеарен арсенал во блиска иднина“, изјавува Шенон Кајл, виш научник за „SIPRI“.

Поддржете ја нашата работа: