Компјутери ќе дијагностицираат рак на дојка

Истражувачите од Методистичката болница во Хјустон развиле софтвер кој може со сигурност да ги толкува мамографите, како помош на докторите за брза и прецизна проценка за ризиците од рак на дојка.

Според новата студија што беше објавена во списанието „Cancer“, компјутерскиот софтвер ги преведува податоците од картонот на пациентот во дијагностички информации 30 пати побрзо од човек и со прецизност од 99 проценти.

Со ова се овозможува потенцијално да се редуцира бројот на непотребните биопсии.

Во моментов, кога мамографот ќе се категоризира како сомнителен, со опсег од ризик за рак помеѓу 3 и 95 проценти, пациентите се упатуваат на биопсија. Според Центарот за контрола и превенција на болести, само во САД годишно се прават 1,6 милиони биопсии на дојка, од кои 20 проценти се непотребно направени, заради лажно позитивните резултати од мамографијата.

Истражувачите се надеваат дека овој софтвер многу ќе им помогне на докторите подобро да го одредат процентот на ризик за кој има потреба од биопсија и ќе ги избегнат непотребите биопсии.

dt_160314_breast_cancer_tumor_800x600За мануелен преглед на 50 картони на докторите им се потребни 50 до 70 часа. Компјутерскиот софтвер за само неколку часа врши преглед на 500 картони, со што се заштедуваат повеќе од 500 работни часови на докторите.

Прецизна обработка на толку голем број на картони би била практично невозможна без комјутерскиот софтвер, велат истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: