Компјутерски екран од хартија

Тие испрскале парче хартија со шест слоја на различни материјали: лепило, четири слоја кои ја пренесуваат енергијата и ја претвораат струјата во светлина, и обвивка која ги држи сите слоеви заедно. Со напојувње од 11 волти, хартијата свети со иста јачина како и останатите компутерски екрани.

Едман вели дека ова би можело да биде евтина алтернатива на ЛЕД – диодите, кои обично се користат за осветлување и на ОЛЕД , кои се користат кај „high-end“ дисплеите. Тие се ефикасни, но се скапи, така што евтина варијанта секако би била привлечна. Светлината може да се печати на ист начин како и весниците, системот е многу е флексибилен и за разлика од стаклените екрани не може да се скрши на остри парчиња.

Ваквата светлечка хартија може да се искористи и за многу други намени. Може да послужи за обележување на производи, така што тие автоматски ќе се осветлат пред да  им истече рокот на употреба, потоа за известување на пациентите кои заборавиле да ги земат своите лекови или за лесно следење и идентификување на предмети кои се наоѓаат во голем куп.

Истражувањето е опишано во „Advanced Functional Materials“.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,515денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.